Опис
Како изгледа сесија Access Bars®?
Access Bars® е сет од 32 енергетски точки на главата кои ги чуваат меморираните електромагнетски компоненти на сите наши мисли, идеи, ставови, уверувања кои некогаш сме ги имале. Секој став и секое уверување претставува ограничување кое не спречува да го оствариме својот полн потенцијал.
Со лесен допир на овие точки се создава електромагнетски набој кој ги отпушта ограничувањата т.е енергетските еквиваленти на осудувањето и заглавените мисловни облици, емоции, уверувања.
Тоа е како бришење фајлови на компјутер. Ги бришете старите фајлови кои ве гушат и заземаат место, а при тоа:
- Не морате да знаете што се отпуштиле и од кое време е тоа
- Не треба да се соочите со минатото за да ја промените сегашноста
Едноставно, отпуштате се што не ви треба и така создавате простор за нешто ново, што повеќе ви одговара во овој момент.
Сесијата обично трае од 60-90 минути, не бара никакви претходни подготовки и зависно од случајот треба да се повтори.
Ја изведува сертифициран Access Bars® практичар.
Кој може да има корист од Access Bars® сесијата?
Барс сесијата нема контраиндикации и можат да го користат сите кои сакаат промена во било кој сегмент на животот или само добро да се опуштат и да се ослободат од сè што ги притиска.
Се препорачува посебно на луѓе кои се во континуиран стрес, менаџери, студенти, ученици, спортисти, но исто така и кај мали деца и трудници.
Што ве очекува после оваа сесијата?
Внатрешен мир, подобар сон, отпорност на стрес, и повеќе енергија. Оваа сесија ви го зајакнува имунитетот и виталноста, а влијае на регулирање на телесната тежина. Докажано делува на јакнење на концентрацијата односно на постигнување на подобри резултати на работа, во учењето и во спортот.
После БАРС сесијата очекувајте и подобра комуникација со луѓето околу вас, бидејќи вашата врска со самите себеси ќе биде многу појака.
Повеќе за Access Bars® методот може да прочитата тука: