Продавница

Попуст!

Архитектура на себството – Онлајн програма

8.000 ден

„Нештата се невозможни само ако Вие верувате во тоа.
Потребно е само да си дозволите и да ги отпуштите вашите ограничувања.

Извлечете максимум од себе и само дајте си време нештата да се случат“.
– Елена Антоновска

Нашата основа е во свесноста, колку и да се обидуваме да го одвлечеме вниманието од оваа вистина. Нашите вредности нѐ дефинираат кои сме ние и ја бојат сликата за тоа кои навистина сакаме да бидеме.

Опис

Наместо будно и свесно да живееме и креираме, ние (најчесто) спиеме и му дозволуваме на нашето несвесно да владее на начини кои за нас не се корисни.

Преку (не)свесното ќе бидете во можност да си поставите и одговорите клучни прашања за сите аспекти од вашиот живот и да ги поставите како постулати, подготвени за остварување.

Ослободувањето од негативните емоции и чистењето на кармичките долгови е основа за свесен, среќен и исполнет живот. Сигурно се прашувате како?

Еден од начините е љубовта! Да, толку е едноставно. Од неа сѐ почнува и со неа сѐ завршува, затоа што ние го даваме она што го имаме во себе. Љубовта ги интегрира сите наши аспекти – минати, сегашни и идни и нѐ прави цели. Интеграцијата е целта на секое исцелување.

Љубовта има безброј изрази и манифестации, но најдрагоцената е љубовта кон себеси, за почеток.

Architecture of Self е намената е за сите кои сакаат да:

  • Применуваат дневна духовна хигиена;
  • Се поврзат со јаството/сопството/себството (Self-от);
  • Ја зголемат виталната енергија;
  • Ја прочистат својата енергија;
  • Го стимулираат целиот енергетски систем;
  • Да го зајакнат имунитетот или
  • Едноставно да се осеќаат полни со живот.

Модули вклучени во Architecture of Self:

  1. ВОВЕД – Духовен развој, клучни точки, прочистување, енергија, одговорност;
  2. СЛОБОДА – Значење, надворешно наспроти внатрешно, моќ, одговорност, преземање акција;
  3. ЕМОЦИИ – Дефиниција, значење, емоции наспроти чувства, кармичко влијание на емоциите врз секојдневниот живот;
  4. ЧУВСТВА – Дефиниција, значење, срцето наспроти мозокот, корелација;
  5. УМ – Процеси на размислување, свест наспроти потсвест, медитацијата и умот, креации од минатото;
  6. ИНТЕГРАЦИЈА – Пат до целост, враќање на вашата енергија, губење на душата, љубов кон вашите оттуѓени делови;
  7. РАМНОТЕЖА – Грижа за сите аспекти на вашето битие, хармонизирана енергија, проток;

БОНУС МОДУЛ – Креирај совршен живот.

Без оглед на тоа колку сте зафатени во секојдневниот живот, оваа програма ќе ви даде добра основа за редовна духовна пракса. Така, со леснотија ќе можете да се справите со животните предизвици и да си обезбедите постојан духовен развој.

Можете да изградите цврста основа за понатамошно здравје и изобилство на телесна и психичка енергија.

Референци на методи кои се користат во работилницата:

  • Емоционално прочистување & работа со Внатрешното дете;
  • Елементи на трансакциона анализа & НЛП;
  • Solution Focused Coaching;
  • Регресотерапија;
  • Ментални процеси;
  • Различни енергетски пракси;
  • Шаманизам.

Датуми за 2023 год.

Прв термин
02.02
09.02
16.02
23.02
02.03
09.03

Втор термин
27.10
03.11
10.11
17.11
24.11
01.12

6 неделна програма по 2 часа од 18-20 часот преку Zoom

Обучувач: Елена Антоновска.

Елена е Професионален сертифициран коуч акредитиран од Интернационалната коучинг федерација (ICF – PCC), тренер и сопственик на Ars Lucida.

Таа е и ментор и мастер учител за личен и професионален развој, при што листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: High Performance Team Coach, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, CEFE trainer, итн.

Нејзиното професионално искуство е стекнато во разни бизнис опкружувања, од државни институции, осигурување, односи со јавност и независна работа на полето на личниот и професионалниот развој, комуникација и коучинг, претприемништво и практични пристапи кон духовноста, енергетската пракса и самореализацијата.

Од 2007 година нејзиниот професионален правец е потполно ориентиран кон личниот развој и трајната трансформација на поединците и групите.

За дополнителни термини и групни или индивидуални сесии, контактирајте не преку WhatsApp, Viber или јавете се на +389 78 255 707 или испратете ни меил за било какви други прашања и детали поврзани со нашата работа на: contact@arslucida.com