Продавница

Art of Flow – работилница

5.000 ден

Понекогаш надворешните случувања може да изгледаат убави, пријатни а ние да неможеме да ги доживееме како такви. Што ни се случува кога има непријатни случувања? Емоциите и реалните доживувања од нив не си ги дозволуваме, ги потиснуваме, негираме, им се спротивставуваме или заглавуваме во нив. Сето ова не одвраќа од присутноста, од моќта да делуваме соодветно во даден момент.

Опис

Компатибилност меѓу аспектите на човекот: тело, ум и дух  значи и меѓусебна синхронизација. Ако може да го разбереме функционирањето на сопствениот систем ќе може да го разбереме и светот околу нас. Ако сакаме да ги намалиме негативните влијанија во нас а да делуваме продуктивно, потребно е да ја јакнеме светлата страна од себе. Така ќе ја зголемиме отпорноста од негативното и моќта на позитивното влијание.

Духот, умот и телото се взаемно поврзани кои за да се одржуваат во  оптимална состојба потребно е редовно синхронизирано вежбање и имплементирање на вештините во секојдневието.

Вежбите за правилно усогласено дишење со раздвижување на телото и смирување на умот овозможуваат зголемување на присутноста, смиреност, јасност, подршка во ослободувањето од сето она што не спречува да го живееме животот во полн потенцијал. Синхронизираните вежби имаат тенденција кон усогласување на сопствениот живот а со тоа зголемување на сопственото влијание во позитивна насока кон заедницата.

Овие вежби се препорачуваат за индивидуалци кои сакаат да работат на личниот развој. Вежбите се препорачуваат и за тимови, организации, групи преку кои се зголемува чувството на припадност и заедништво.

Што добивате од работилницата?

  • Приказ за поврзаноста на телото, умот и духот и нивното влијание преку меѓусебна синхронизација за своја и општа добросостојба;
  • Програма за практични синхронизирани вежби дишење со раздвижување на телото и смирување на умот (алатки  кои ќе ви помогнат за намалување на стресот, полесно справување во животот, зголемување на чувството на присутност, смиреност и продуктивност);
  • Прирачник;
  • Линк од видео за визуелен приказ на практичните вежби;
  • Бонус сесија – Свесно дишење (Повеќе информации на линкот https://www.arslucida.mk/mk/prodavnica/svesno-disenje/);
  • Надополнување на работилницата со аромотерапија.

Термини:

Почнуваме на 03.05.2022, во среда.

Работилниците ќе се одржуваат со физичко присуство секоја вторник и петок, три недели редоследно од 18 – 20 часот (вклучувајќи ја и бонус сесијата – Свесно дишење).

Програма на работилницата – „Синхронизација на движењето, дишењето и умот˝- ART OF FLOW

  • Енергетски круг за меѓусебно поврзување преку синхронизирано дишење;
  • Запознавање и очекувања од работилницата;
  • Вовед; Цели на работилницата;
  • Тело, ум и дух;
  • Синхронизираност и десинхронизираност во секојдневието;
  • Внатрешната синхронизираност има позитивно влијание во надворешната средина;
  • Корисни совети и препораки при изведување на вежбите;
  • Афирмација на Мастер Чоа Кок Суи – Јас сум душа;
  • Вежби за раздвижување; Вежби дишење; Синхронизирни вежби дишење со раздвижување;
  • Заклучок;