Опис
Што ќе научите на овој курс:
- Што е прана (исто така позната како чи или ки во различни традиции).
- Како да ја чувствувате, па дури и да ја видите оваа енергија.
- За вашата енергетска анатомија, која се состои од аура, чакри и меридијани.
- Улогата на 11-те главни чакри при исцелувањето и помагањето на телото да се регенерира.
- Да ја скенирате (или чувствувате) аурата и чакрите за да ги забрзате процесите за исцелување на вашето тело.
- Како систематски да ги отстраните енергетските блокади во аурата и чакрите.
- Безбедно и правилно да ги енергизирате чакрите и засегнатите делови во телото.
- Лесно и безбедно да се справите со широк спектар на различни физички состојби, од главоболка до треска, висок крвен притисок, болки во рамото, колената и грбот, кашлица, настинка и др.
- Чекор-по-чекор техники за третирање на состојби поврзани со респираторниот систем, циркулаторниот систем, гастро-интестиналниот систем, мускулно-скелетниот систем и репродуктивниот систем.
- Техники на дишење (или Pranic Breathing) за зголемување на нивото на енергија во телото.
- Како да ги применувате овие техники на исцелување врз самите себе за да си направите третман за само-исцелување.
- Превентивно исцелување: ќе научите да ги отстраните негативните енергетски обрасци на потенцијална состојба за да ја спречите да се манифестира на физичкото тело.
- Давање третмани на далечина кога клиентот не е физички достапен пред вас. Ова се заснова на принципот на меѓусебна поврзаност.
- Како да ја практицирате Медитацијата на срцата близнаци која помага да се постигне внатрешен мир и смиреност, за подобри и поздрави меѓучовечки односи и благосостојба.
- Законот на кармата и за важноста на градењето на карактерот на секое битие.
Курсот не само што нè учи како да се исцелуваме, туку и како да преземеме одговорност за нашиот живот и да го подобриме на сите нивоа; како да ги подобрите меѓучовечките односи, да го намалиме стресот, да се наполниме со енергија и да станеме поуспешни.
Основи на енергетска работа е прв во серијата курсеви за енергетска работа и е предуслов за сите останати курсеви.
Ви посакуваме добредојде во суптилниот свет на енергијата!
Важни ниформации:
Достапни термини за дводневниот курс:
- 11-12.02-2023
- 10-11.06.2023
- 28-29.10.2023
Се одржува за викенди сабота и недела од 10 часот до 18 часот и двата дена со кратки паузи.
Местото го резервирате со уплата, НАЈДОЦНА 5 дена пред почеток на курсот.