Продавница

Eмоционална интелигенција

4.000 ден

Овој тренинг има за цел да ги подигне капацитетите на емоционалната интелигенција кај сите нас.

Ќе добиете способност да ги контролирате и употребувате вашите емоции во конструктивни и продуктивни цели.

Ќе ни овозможи полесно да ги оствариме професионалните цели, да се справиме со нашето секојдневно опкружување и да пристапиме соодветно на секоја ситуација.

Исто така ќе помогне за градењето на здрави и конструктивни релации со целокупното наше опкружување

Опис

Низ вежби ќе ви помогнеме да ги унапредите своите вештини за препознавање, разбирање, користење и управување со емоциите.

Датуми за 2022

Прв термин
Февруари
Втор термин
Август
07.02
14.02
21.02
28.02
08.08
15.08
22.08
29.08

Секој понеделник, 4 недели  по 2 часа  

од 18 до 20 часот преку ZOOM

Обучувач: Елена Антоновска.

Елена  е Професионален сертифициран коуч акредитиран од Интернационалната коучинг федерација (ICF – PCC), тренер и сопственик на Ars Lucida.

Таа е и ментор и мастер учител за личен и професионален развој, при што листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: High Performance Team Coach, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, CEFE trainer, и тн.

Нејзиното професионално искуство е стекнато во разни бизнис опкружувања, од државни институции, осигурување, односи со јавност и независна работа на полето на личниот и професионалниот развој, комуникација и коучинг, претприемништво и практични пристапи кон духовноста, енергетската пракса и само-реализацијата.

Од 2007 година нејзиниот професионален правец е потполно ориентиран кон личниот развој и трајната трансформација на поединците и групите.

Повеќе информации:

contact@arslucida.mk

контакт телефон: 078 255 707