Продавница

Eнергетска самозаштита

9.500 ден

Секој од нас доживува психолошки напади и е изложен на некакви негативни енергии. Нечистата, застоена, негативна енергија е многу заразна и предизвикува ментални, емоционални и физички блокади. Овие блокади можат креираат симптоми од разни здравствени состојби на психолошко и/или на физичко ниво и може да нè спречат да ги оствариме нашите цели во животот.

Опис

Но, има начин како самите да си помогнете: Научете енергетска самозаштита!

  • Како и кога да се одбраните
  • Како да градите непробојни енергетски штитови
  • Како да се ослободите од искористените, загадени енергии
  • Како да ги исчистите просториите од атмосферски тензии

И многу, многу повеќе …

Достапни термини за 2024: 20-21 април

Двата дена од од 10:00-18:00 со по еден час пауза.

Предавач: Елена Антоновска

Елена  е Професионален сертифициран коуч акредитиран од Интернационалната коучинг федерација (ICF – PCC), тренер и сопственик на Ars Lucida.

Таа е и ментор и мастер учител за личен и професионален развој, при што листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: High Performance Team Coach, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, CEFE trainer, и тн.

Нејзиното професионално искуство е стекнато во разни бизнис опкружувања, од државни институции, осигурување, односи со јавност и независна работа на полето на личниот и професионалниот развој, комуникација и коучинг, претприемништво и практични пристапи кон духовноста, енергетската пракса и само-реализацијата.

Од 2007 година нејзиниот професионален правец е потполно ориентиран кон личниот развој и трајната трансформација на поединците и групите.

Повеќе информации преку мејл: contact@arslucida.mk  или телефон: 078 255 707