Продавница

Healing Fetal Trauma – Comprehensive Meditative Program

900 ден1.800 ден

Изберете модел
Healing Fetal Trauma - Comprehensive Meditative Program – Групна сесија
900 ден
Healing Fetal Trauma - Comprehensive Meditative Program – Индивидуална сесија
1.800 ден

Опис

Исцелување од пренатална, предвербална траума, епигенетска, релационавдури и наследени од нашите предци: трауми, блокади и импринти што е споделена со нас во моментот кога сме се родиле.

Кога твојата баба била бремена во петтиот месец со твојата мајка, јајце клетката од која што ти си настанала веќе била присутна во јајниците на мајка ти.

Тоа се три генерации кои постојат во истата биолошка средина.

~ Марк Волин

Трамуата не започнува со тебе!

Постојат истражувањата кои се направени во науката кои ни потврдуваат дека фетусот има сеќавање. Индицираат дека уште во пренаталниот период можеме да преземеме трауми, стравови, неудобни чувства од нашите родители, околината и слично. Токму за тоа е и оваа моќна медитативна вежба на која ќе се ослободите од сите стравови, трауми, несигурноста, несаканоста, чувството на отуѓеност, одвоеност од себе, ниска самодоверба и многу други чувства кои не се во суштина наши, а ни се превземени или наследени од нашите родители и предци,

Зошто Healing Fetal Trauma  програмот е важен за сите нас?

Како интуитивни битија често пати во многу животни ситуации реагираме несоодветно и (не)знаеме дека тоа потекнува од некој страв, паника, траума, ниска самодоверба за кои може да сме свесни дека постојат во нас, но немаме сознание од каде потекнуваат и како да се ослободиме од истите.

Постојат истражувањата кои се направени во науката кои ни потврдуваат дека фетусот има сеќавање. Индицираат дека уште во пренаталниот период можеме да преземеме трауми, стравови, неудобни чувства од нашите родители, околината…

Токму за тоа е дизајниран овој моќен медитативен програм кој ќе ве води кон патот на ослободување од сите овие несакани, чувства емоции, трауми, блокади и сѐ останато кое сме го наследиле од предците во моментот кога сме дошле на овој свет.

Се прашувате како сѐ ова е можно?

Ние веруваме во интегративно-холистичкиот пристап за исцелување на секое битие.
Затоа овој програм е дизајнира во 3 делови.

КРЕАЦИЈА – ДЕБЛОКИРАЊЕ – ОСЛОБОДУВАЊЕ

Нивната функција е синергетски да делуваат во твоето ослободување од наследните трауматски информации.

КРЕАЦИЈА – Што е креативна енергија?

Тоа е најчистата енергија, енергија на безусловна љубов од која се што постои е создадено.

Ќе ве запознаеме со еден од начините  како да се поврзете својата креативна енергија преку водена медитација. Само од оваа позиција вие можете да креирате се што доаѓа од вашето срце.

ДЕБЛОКИРАЊЕ – Чистење од непожелната енергија.

Ќе научите како за краток временски период од неколку минути си направите дневна енергетска пракса со која ќе се прочистите од сите енергии од претходниот ден или период, а притоа се натрупани и некорисни за тебе.

ОСЛОБОДУВАЊЕ преку моќна медитативна вежба со која ги отпуштате сите стравови, трауми, несигурноста, несаканоста, чувството на отуѓеност, одвоеност од себе, ниска самодоверба и многу други чувства кои не се во суштина наши, а ни се превземени, копирани или наследени од нашите родители и предци

За кого е Healing Fetal Trauma програмата?

За сите оние кои сакаат да истражуваат и да пронаоѓаат нови патишта за менување на свеста, за сите оние кои имаат чувство дека се заглавени, имаат блокади, стравови, трауми, за сите оние имаат чувство дека им е потребно нешто поинакво на патот кон прочистувањето.

Бонус: Медитативна вежба за отпуштање на потисната тага.

Тагата и болката може да ги носите во срцето и во останатите органи поради многу негативни случувања во Вашиот живот.
Со оваа вежба преку звукот на вашето срце ќе се ослободите од тагата и болката насобрани во него и останатите органи.

Програмата ја води сертифициран енерготерапевт.

Времетраење: 60 минути

Следен термин за група:
22.11.2023 од 19 до 20 часот

За подетални информации и термини за индивидуалните сесии контактирајте не:

  • Преку е-пошта: contact@arslucida.mk
  • Телефонски: понеделник – петок, 12:00 ч. – 20:00 ч.
  • преку SMS, WhatsApp или Viber на +389 78 255 707

Дополнителни информации

Цена

Групна сесија, Индивидуална сесија