Продавница

Јога Нидра – Аудио медитација за свесно спиење

200 ден

Медитациите ги добивате во електронска форма.

Yoga nidra или јогинско свесно спиење е состојба помеѓу сонот и јавето, често индуцирана од водечка медитација како оваа. Иако е под водство, состојбата која се индуцира е потполно различна од медитација. Тоа е можеби најдлабоката состојба на релаксација, со зголемена свесност за интерното искуство, а намалена свесност за надворешниот свет (како на пример во Нехипнотичка регресија). Поради силните ефекти на ослободување од стрес, зголемено лачење на допамин, доведување на мозокот во алфа состојба и зголемување ан дотокот на крв во него, како и смирување на автономниот нервен систем, намалување на тензијата и анксиозноста (и резултатите од нив) се користи за превенција на севкупното здравје и за олеснување на психолошки состојби, како што е на пример пост трауматски синдром. Во тој контекст, користена е од страна на армијата на САД, а раширена е со различни примени, на различни начини низ целиот свет.

Ви посакувам длабока сонлива свесност.

Намасте!

Опис