Продавница

Манифестирање на изобилство – Аудио медитација

200 ден

Медитациите ги добивате во електронска форма.

Манифестирање на изобилство – Медитација
Изобилството е категорија која ние често ја асоцираме со пари и финансии, но сепак се однесува на изобилство во секој смисол (време, енергија, ресурси,…). Тоа е тема на првата чакра, основата на физичкото постоење и чувството на сигурност, безбедност и доверба.

 

Опис

Изобилството е тема за преиспитување на личните уверувања, за тоа дали и колку сме вредни, дали и колку заслужуваме, дали повеќе примаме или даваме, што мислиме за примањето – од луѓето, од Универзумот. Дали се чувствуваме комотно да примиме и побараме помош, пари, ресурси, а за возврат да дадеме и да бидеме во служба и допуштање. Да бидеме усогласени со она што Универзумот нѝ го нуди и дава.

Ви посакувам да се предадете во рацете на Универзумот.
Намасте!