Продавница

Попуст!

Машко-женски односи - Интерактивна работилница

8.000 ден

Дали знаете дека откако постои човековата цивилизација постојат  проблеми и конфликти во релациите меѓу половите? Проблемите и конфликтите во машко-женските односи се базични предизвици во човековото живеење. Не само во минатото, туку и во сегашноста. Во ова време на динамично и интензивно живеење, динамичен и експлозивен техничко-технолошки развиток, предизвиците со пандемијата и изолацијата покажаа дека најактуелна тема на човековото живеење се машко-женските односи, независно дали се работи за партнерски релации, љубовни односи, фамилијарни односи или пак релации на професионален план. Практично целокупниот живот зависи од умешноста за управување на релациите и комуникацијата со спротивниот пол. Главно мото на оваа интерактивна работилница е: СРЕЌЕН Е ТОЈ ШТО УМЕЕ ДА САКА – (Херман Хесе).

Опис

На оваа искуствена работилница ќе откриете од каде потекнуваат проблемите и конфликтите во односот помеѓу половите. Дали мажите и жените меѓусебно се разликуваат? Кои се нивните разлики, а кои сличности? По што се препознаваат и како тие се одразуваат во нашата секојдневна комуникација и меѓусебно разбирање? Уште ќе откриете и како да се разбуди и зајакне “машкото” во мажот и “женското” во жената. Како можете меѓусебно подобро да се вклопите и да остварите повеќе задоволства, повеќе разбирање, повеќе љубов, повеќе среќа? Запрашајте се кои се вашите очекувања од спротивниот пол?

Моќните алатки со кои ќе се сретнете во оваа работилница се клиринг техниката за личен развиток и тренинг на способности. Ќе се сретнете со форматот на “дијада” – разговор на две свесни индивидуи во рамноправен етички однос, група за разбирање и “ЛИЛА група”, што навлегува во доменот на квантна психологија. Ваквиот начин на работа ви дава можност за практична искуствена работа и непосредни лични доживувања и увиди и личен напредок на оваа темa, зголемување на своите комуникациски способности, флексибилност и разбирање во релациите со спротивниот пол. На тој начин ќе постигнете зголемување на свесноста по ова прашање и ви се отвара можноста за постигнување на квалитетен однос со спротивниот пол. Оваа работилница претставува извонредна можност за лична трансформација и напредување како на личен, така и на професионален план.  

Содржина:

  • Машко-женски односи;
  • Партенерски односи;
  • Љубовни односи;

Бонус: креирање на партнерски односи според своите замисли.

Дводневен семинар, 04-05 Јуни 2022г  часот; просториите на Арс Луцида.

За сите настани, ве молиме регистрирајте се најмалку една недела предходно:

Преку е-пошта: contact@arslucida.mk

Телефонски:  понеделник – петок, 12:00 ч. – 20.00 ч.

преку SMS, WhatsApp или Viber на +389 78 255 707

Ви благодариме.

Ваш клирер/коуч Христинка.

Ве очекуваме со радост.