Продавница

Медитација На Душата

9.500 ден

Два дена со Елена Ашвини Антоновска посветени на целосно проширување на свеста!

Семинарот е отворен за сите заинтересирани.

Ќе може да дадеме одговор од најосновните, па се до најважните прашања за секоја личност:

  •  Кој сум јас?
  •  Од каде доаѓам и каде одам?
  •  Што е душа? И како се чувствува „душата“?
  •  Што е „анатомијата“ на душата?
  •  Што е животот?
  •  Духовен процес или низа на случајности?
  •  Што значи „ментално болен“?
  •  Како се подобрува душата?
  •  Што се случува во моментот на смртта и дали има живот после смртта?

Опис

Одговори на сите овие прашања како и на многу други ќе добиете на работилницата.
Учесниците ќе научат две техники на медитација кои се практикуваат ширум светот кои ќе можат да ги користат доживотно и доколку ги практикуваат редовно ќе го забрзуваат својот духовен развој. Како резултат на ова ќе имате подобар, посвесен, покреативен, поздрав и пред сè, поуспешен живот.

Работилницата

Ке се одржи на 16-17.07.2022
2 дена по 8 часа од 10 до 18 часот со кратки паузи

Ве очекуваме со радост!

Учесниците треба:

  • да имаат пристап до стабилна интернет конекција
  • да имаат хартија и пенкало за пишување.

Многу битно е една недела пред работилницата да не јадат месо и да практикуваат солени бањи. (бањање/туширање со сол)

Потенцијални причини поради кои не би можеле да ја проследите оваа работилница:

  • Акутен висок крвен притисок,
  • Aкутен висок притисок на очите,
  • Aкутни тешки заболувања на бубрезите,
  • Tешки хронични заболувања,
  • Mалолетни лица.

Обучувач: Елена Антоновска.

Елена  е Професионален сертифициран коуч акредитиран од Интернационалната коучинг федерација (ICF – PCC), тренер и сопственик на Ars Lucida.

Таа е и ментор и мастер учител за личен и професионален развој, при што листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: High Performance Team Coach, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, CEFE trainer, и тн.

Нејзиното професионално искуство е стекнато во разни бизнис опкружувања, од државни институции, осигурување, односи со јавност и независна работа на полето на личниот и професионалниот развој, комуникација и коучинг, претприемништво и практични пристапи кон духовноста, енергетската пракса и само-реализацијата.

Од 2007 година нејзиниот професионален правец е потполно ориентиран кон личниот развој и трајната трансформација на поединците и групите.

За дополнителни термини и групни или индивидуални сесии, контактирајте не преку WhatsApp, Viber или јавете се на +389 78 255 707 или испратете ни мејл за било какви други прашања и детали поврзани со нашата работа на: contact@arslucida.com