Продавница

Разумно делување – викенд работилница

9.500 ден

Што ве спречува да креирате јасна слика за себе?
Како да ги направите вистинските избори?
Како да ги повлечете вистинските потези?
Се прашувате како разумно да управувате со самиот себе ?
Како да го остварите својот полн потенцијал?
Како да бидете креатор на својот автентичен живот?

Опис

Дали ја знаете прастарата алхемиска мудрост V.I.T.R.I.O.L.?
„Visita Interiora Terra Rectificandoque Invenies Occultum Lapidem“
Во превод значи: „Благодарејќи му на својот прочистен ум, навлези до своите најдлабоките слоеви на самиот себе и пронајди го својот камен темелник, и на таа основа, на тој темел изградите ја својата нова реалност и својата иднина.“
Следејки ја оваа прастара алхемиска мудрост ја креиравме оваа работилницата.
Животот се одвива во циклуси и циклусите се повторуваат, така што животот е сосем предлидвидлив по тоа прашање. Нил Донал Волш.
Прашањето е како можеш да ја зголемиш својата способност да ги предвидиш циклусите, и подобро да управуваш со себе и со своите одлуки за твоето делување, чекорите кои можеш да ги преземеш .

Што се работи?

Во оваа работилница ќе се користат моќни алатки на клиринг методот за личен развиток и тренинг на способности. Преку нив ќе ви помогнеме да:

  • Ја согледате моменталната реалност , предизвиците и можните решенија.
  • Го осветлиме непознатиот дел од себе во вашиот потсвесен ум, суперинтелигентен простор кој има одговор на сите прашања.
  • Генерирате нови ресурси, нови архетипи, нова иднина.
  • Излезете од ова алхемиско патување со јаснотија, со нови цели , идеи за практични чекори кои ќе ги преземете за нивна реализција , спремни за нови успеси.

Како се работи?

  • Природна медитација – лесни медитативни вежби кои ќе ви помогнат за опуштање и подобар контакт со самите себе.
  • „ДИЈАДА“– разговор на две свесни индивидуи во рамноправен етички однос.
  • Група за разбирање – разговор во група која е тука да ве сослуша, да ве разбере и да ви даде подршка.
  • „ЛИЛА група“, медитација – контемплација- разговор.

Информации:

Работилницата ќе се одржи на 18-19.02.2023, (сабота и недела) од 10 до 18 часот во просториите на Арс Луцида.
За сите настани, ве молиме регистрирајте се најмалку една недела предходно:

  • Преку е-пошта: contact@arslucida.mk
  • Телефонски:  понеделник – петок, 12:00 ч. – 20.00 ч.
  • преку SMS, WhatsApp или Viber на +389 78 255 707

Ви благодариме.
Ваш клирер/коуч Христинка.
Ве очекуваме со радост.