Опис
- Принципите на Реики (ќе ги научите петте принципи на Микао Усуи кои што се насоки кои се корисни за секојдневниот живот. Овие пет основни принципи ќе ви помогнат за подобрување на вашата добросостојба);
- Позиции на рацете за третирање на самите себеси (ќе научите едниставни позиции за поставување на рацете за да се третирате себеси со Реики уште од првиот ден после Реики курсот);
- Позиции на рацете за третирање на другите (ќе научите едноставни позиции на рацете за третирање на другите и со тоа ќе можете да практикувате Реики на вашите пријатели, семејство и миленичиња);
- Како да третирате чакри со Реики (ќе научите за енергетскиот систем и како да користите Реики за да балансирате специфични енергетски центри на телото);
- Реики третмани (за време на курсот ќе давате и примате целосен Реики третман. Исто така ќе имате можност да поставувате прашања и да побарате разјаснување за она што не ви е јасно);
- Индивидуално “ускладување” или “штимање” (attunement) на енергијата. (Ова е потребно за да се стабилизира конекцијата со Реики. Со тоа сте оспособени да практикувате Реики на себеси, како и на останатите);
- Концепт на поларитет (ќе научите за поларитетот страв и љубов, со цел да го пронајдете балансот во својот живот);
- Трансформација на сексуалната енергија (ќе научите техника за редовно да ја балансирате вашата сексуална енергија, односно да ја трансформирате во духовна енергија доколку тоа го сакате);
- Уникатна комплементарна програма која ќе ја применувате по завршувањето на курсот и трае 21 ден. (Оваа програма ќе ве поддржи и поттикне да се поврзете со Реики во првите 21 ден после вашето “ускладување” или “штимање” (attunement) на енергијата и да започнете да работите на себе.)
Достапни термини за дводневниот курс:
- 28-29.01.2023
- 11-12.03.2023
- 06-07.05.2023
- 01-02.07.2023
- 16-17.09.2023
- 11-12.11.2023
Се одржува за викенти сабота и недела од 10 часот до 18 часот и двата дена со кратки паузи.
Местото го резервирате со уплата, НАЈДОЦНА 5 дена пред почеток на курсот.
Ако сакате да дознаете повеќе за Реики методот кликнете тука.