Продавница

Свесно дишење

2.000 ден

Следен термин за група:

  • 12 март 2024
  • 18-20 часот

Времетраење: 120 минути

Како да не најдете:

Лоцирани сме на бул. Трета македонска бригада 43-1/5, населба Аеродром, во Скопје;
Втората зграда на самиот почеток од уличката што води накај Џевахир.

Информации и закажување на: 078 255 707 и contact@arslucida.mk

    Опис

    Свесното дишење најчесто се прави во лежечка положба, при што вие учите да го поврзете вашето дишење, така што не би имало паузи помеѓу секое вдишување и издишување. Полека ќе бидете водени да го најдете вашиот сопствен ритам, кој што најверојатно би бил побрз и подлабок отколку што сте навикнати.

    Целиот процес трае околу 75 минути, при што на крајот има фаза на интеграција од 15 мин, со која што се завршува сесијата. Во целост, една сесија од свесно поврзано дишење трае околу два до три часа.

    Преку континуирано дишење без паузи, вашето тело прима повеќе кислород од вообичаено, а тоа го менува нивото на јаглерод диоксид во вашиот мозок. Кога ова се случува вие влегувате во само-индуцирана состојба на транс, каде што разни сеќавања, слики, емоции и телесни сензации излегуваат на површина за да бидат прегледани, ослободени и интегрирани. Моќта на оваа техника е во тоа што, во оваа состојба вие сте истовремено и искусувачот и набљудувачот на минатите инциденти.

    Ова ви овозможува да се ослободите од истите или да ги реинтерпретирате од нова перспектива.

    Преку овој метод вие акумулирате животна сила (прана, чи, ки), која што почнува да се движи слободно низ вашето тело (најчесто доживувана како скокот или бранови на енергија). Ова ги опушта натрупаните блокади во четири-енергетскиот систем во вашето тело (физичко, емотивно, ментално и духовно), при што работи на сите четири нивоа истовремено.

    Искуствата за време на оваа техника може да варираат цело време. Спектарот на овие искуства може да биде од физички сензации на болка или задоволство, ослободување на блокади во телото преку топлина до енергетско движење за да се ослободат емоции (тага, лутина, бес, итн). Може да се добијат увиди за дисфункционален редослед на мисли или за нов редослед на мислите, како и длабоки духовни искуства.

    За време на целиот процес вие сте под надзор и добивате упатства од искусен водич.