Опис
Целта на работилницата е да се разбуди разбирањето на одредена ситуација или состојба, за да се согледат што повеќе различни перспективи, да се добие нов увид, а на крај да се фокусираме и да смислиме соодветен акциски план.
Работилницата вклучува холотропското дишење и Points of you алатките, преку 4 чекори:
- ПАУЗА
- ШИРЕЊЕ НА ПЕРСПЕКТИВАТА
- ФОКУС
- ДЕЈСТВУВАЊЕ – АКЦИЈА
Холотропското дишење овозможува да се постигне потребната пауза и ширењето на перспективата за себе. Моментот на пауза ни овозможува да издишеме и да го погледнеме животот од дистанца. Паузата е основен и неопходен чекор за да ги смириме своите мисли и го исклучиме „автопилотот˝ од нашиот познат секојдневен начин на функционирање.
Холотропското дишење, најчесто се прави во лежечка положба, при што вие учите да го поврзете вашето дишење, така што не би имало паузи помеѓу секое вдишување и издишување. Целиот процес на дишење може да трае најмногу 90 мин, при што на крајот има фаза на интеграција од 15 мин до 30 мин. Преку континуирано дишење без паузи, вашето тело прима повеќе кислород од вообичаено, а тоа го менува нивото на јаглерод диоксид во вашиот мозок. Кога ова се случува, разни сеќавања, слики, емоции и телесни сензации излегуваат на површина за да бидат прегледани, ослободени и интегрирани.
Откако ќе се согледаат сите релевантни гледишта, следниот чекор е фокус на оние сознанија кои се најзначајни за нас. Прашањата кои се поставуваат, имаат за цел, да го насочат вниманието, на тоа која од можностите е најсоодветна или чувствуваме дека е вистинската за нас. Овој чекор се изведува преку Points of you, алатките.
Points of you е методологија засновена на фототерапија, терапија со фотографии, низ кои се активира десната хемисфера од мозокот и го ослободува креативното гледиште на случувањата за себе и животните теми кои не засегаат. Надополнувањето на фотографиите со зборови ја активира левата хемисфера од мозокот и го активира аналитичкото размислување. Поврзувањето на фотографијата со зборот, прави синергија помеѓу креативното и аналитичкото гледиште и дава поширока слика за темите кои се обработуваат. Овој метод на работа, игра и креација овозможува да се исклучат внатрешните контролни механизми и строгите правила на вообичаеното размислување, за да се отвориме за истражување на поинакви можности и нивно препознавање, што во секојдневните рутини не би ги зеле во предвид.
За претворање на можностите во дела се формулираат конкретни следни чекори, за креирање временски план за остварување на поставената цел. На тој начин си даваме обврска дека ќе дејствуваме со посветеност. Оваа фаза е подржана од Points of you – алатките.
Приказните кои пренесуваат порака, се читаат помеѓу сите фази и го помагаат целиот процес на себеспознавање.
Информации:
Работилницата ќе се одржува во просториите на Арс Луцида.
Нашите препораки се: да бидете комотно облечени и 2-3 часа пред започнувањето на работилницата да консумирате течности и лесна храна.
Времетраење на работилницата: од 16ч до 20ч.
Термин за одржување на работилницата: 28.05.2023г.