Продавница

Вечерна медитација – Мало сонце

200 ден

Медитациите ги добивате во електронска форма.

Древните народи го обожувале Сонцето и се однесувале кон него како кон нешто Божествено. Што е нормално, бидејќи без него животот на Земјата би бил невозможен, а Природата не би била она што е. Неговата светлина, топлина (љубов) и моќ со илјадници години му дава надеж, верба и живот на Човештвото.
Од ваквиот однос кон Сонцето произлегуваат безброј начини (ритуали) со кои луѓето се обидувале да му покажат почит или да го одоброволат. Во духовната пракса, еден од тие начини е ритуалот на жртвување на сопствените недостатоци, маани, емоции, мисли, зависности и барање благослов или контра квалитет или самоконтрола.
Оваа медитација е модифицирана верзија на оваа пракса како начин за прочистување по напорниот ден и енергизирање или подготовка за нов, продуктивен ден.

Ви посакувам да се опуштите и да отпуштите сѐ!

Намасте!

Опис