Продавница

Во пресрет на Новата Година викенд ресет

9.500 ден

Викенд за ресет и центрирање

Според клиринг методот

Дали ја знаете прастарата алхемиска мудрост “VITRIOL”?

Ова во превод значи: „Навлези до најдлабокиот слој на самиот себе и благодарејќи на својот прочистен ум пронајди го својот камел темелник врз основа на кој можеш да ја изградиш својата нова личност и својата иднина” . Оваа прастара алхемиска мудрост е идеја водилка на оваа практична работилница во која низ практични вежби ќе се запознаеме со длабоките лавиринти на сопствената внатрешност, и со помош на проверени мапи ќе ги осветлиме сопствените ресурси и нивото на јасност за здраво расудување со што ќе ја подигнеме личната способност за поефективно управување со себе , свјата животна енергија , својата реалност и од посматрач како да бидеме креатор на својата реалност и своето секојдневие.

Опис

Животот се одвива во циклуси и повторување на циклусите и животот е сосем предлидвидлив по тоа прашање.(Нил Донал Волш) . Или како што изјавил познатиот шахист Гари Гаспаров – “Животот го имитира играњето  шах“. Прашањето е како можеш  подобро да управуваш со себе и со своите сопствени ресурси и од која позиција да ги донесеш одлуките за твоето делување и кои чекори да ги преземеш за нивна реализација.

Во оваа работилница ќе се користат моќни алатки на клиринг методот за личен развиток и тренинг на способности.

  • Природна медитација – лесни медитативни вежби кои ќе ви помогнат за опуштање и подобар контакт со самите себе.
  • „ДИЈАДА“ – разговор на две свесни индивидуи во рамноправен етички однос.
  • Група за разбирање – разговор во група која е тука да ве сослуша, да ве разбере и да ви даде подршка.
  • „ЛИЛА група“,  медитација – контемплација- разговор .
    Ова е формат на работа кој навлегува во доменот на квантана психологија и прозор кон повисоката квантна реалност.

Ваквиот начин на работа ви дава можност за практична искуствена работа  и непосредни лични доживувања, можност за истражување на сосптвените длабочини и целта на вашето постоење, сѐ со цел да продолжите со креирање на својот живот воден од мудрост и убавина која ја имате во себе.
Практично ова подразбира одговор на дилемата како да створите јасна слика за сопствената реалност, како да ги одберете вистинските чекори, ќе повлечете вистински потези во креација на својот живот и својата реалност.
Најдобра инвестиција е инвестицијата во себе и своите способности , знаење и вештини.
Бонус модул: „5 мали чекори во креирање на својот живот по своја мерка.“

Работилницата ќе се одржи на 16-17.12.2023 (сабота и недела) од 10 до 18 часот во просториите на Арс Луцида.

За сите настани, ве молиме регистрирајте се најмалку една недела предходно:

  • Преку е-пошта: contact@arslucida.mk
  • Телефонски:  понеделник – петок, 12:00 ч. – 20.00 ч.
  • преку SMS, WhatsApp или Viber на +389 78 255 707

Ве очекуваме со радост.