Продавница

Попуст!

Yо–Chi - Интегративни вежби

400 ден1.200 ден

Изберете модел
Yо–Chi - Интегративни вежби – Месечна претплата за сесии во група
1.200 ден
Yо–Chi - Интегративни вежби – Една сесија во група
400 ден

Интегративни вежби за ослободување од стресот и регенерација на системот за соединување на сите аспекти кај човекот.

Опис

Структурата на овие вежби се состои од:

  • Физички вежби;
    вежби за истенување, раздвижување и јакнење на мускуло-скелетниот систем.
    Воедно овие вежби ја зголемуваат концентрацијата и го смируваат умот.
  • Вежби за дишење;
    Се состојат од вежби за правилно дишење, продлабочено и бавно при што се подобрува  размената на кислородот и јаглеродниот диоксид и се подобрува метаболизмот во телото.
  • Интеграција на физичките и вежбите за дишење;
    Усогласувањето на физичките вежби со дишењето и смирувањето на умот ја зголемуваат координацијата помеѓу телото, умот и духот.
  • Кратка медитација;
  • Раздвижување на телото за олеснето и правилно распределување на енергијата.

Со редовна пракса овие вежби овозможуваат да се постигне состојба на смиреност, зголемување на свесноста за себе и околината, зголемена продуктивност и физичка благосостојба.
Yo-Chi – интегративните вежби се одржуваат во група, онлајн, секој понеделник со почеток од 19 до 20 часот или преку индивидуална сесија со физичко присуство или онлајн, зависно од потребите на индивидуата.

За подетални информации и индивидуални сесии контактирајте не:

  • Преку е-пошта: contact@arslucida.mk
  • Телефонски: понеделник – петок, 12:00 ч. – 20:00 ч.
  • преку SMS, WhatsApp или Viber на +389 78 255 707

Инструктор: Љубица Стојановска, дипломиран физиотерапевт

Дополнителни информации

Цена

Една сесија во група, Месечна претплата за сесии во група