Опис
Ги смируваат трауматизираните клетки дозволувајќи му на телото да ги активира своите природни способности за лекување и да го забрза закрепнувањето;
Ги релаксираат нервните плексуси, мускулите и ткивата и ја подобруваат циркулацијата на крвта и лимфата;
Го балансираат автономниот нервен систем, го намалуваат стресот и заморот.
Некои ментални придобивки од звукотерапијата се:
- Способност да се смири умот
- Ослободување на непожелни мисловни структури и навики
- Подобро одлучување и решавање на проблеми
- Пристап до внатрешен мир и смиреност
- Подобри когнитивни вештини и креативно размислување
- Подобрена способност за слушање и поголемо внимание на деталите
- Зголемена ментална сила и продуктивност
- Подобри вештини за градење тим
Целта во вибрационата терапија е да се придвижи, деблокира и балансира животната енергија над физичкото, енергетското и духовното тело.
Вибрационото исцелување со звук се заснова на премисата дека сите ние сме енергетски битија и дека како што разштиманиот инструмент не свири добро – discordia, истото се однесува за нашето тело, кога не е во хармонија.
Нежните вибрации и звуци на кристалните садови, го доведуваат човекот во состојба на длабока релаксација и медитација и дејствуваат на физичко, ментално и емоционално ниво. Нивниот чист, мек и хармоничен звук се апсорбира низ телото, го бои со звук, отчукувањата на срцето се забавуваат и личноста влегува во состојба на длабока релаксација (алфа или тета состојба на свест).
Некои ќе ги примат вибрациите од звукот преку телото и ќе почувствуваат како се движат со умот кон медитативна состојба и патуваат на тета мозочен бран. Други може да доживеат емоционално ослободување.
Некој ќе си направи муабет со сам себе и ќе добие јасен увид за некои работи.
Друг ќе извади на површината нешто кое го туркал под килим, во обид да не дојде до непријатно соочување, но, сега се соочуваме, или барем се обидуваме, и во секој случај стануваме свесни за проблемот, си олеснуваме со цел да бидеме уште подобра своја верзија. Да се биде отворен, ќе помогне во ослободувањето на длабоко вкоренети емоции и пуштање. Оставете ги вашите емоции да течат и прифатете го ослободувањето.
Така патуваме на брановите и вибрациите на кристалните звуци, одиме и на најубави места, дишеме, медитираме, си разговараме со себе и имаме јасен увид. Ги балансираме енергетските центри, ја пуштаме емоционалната болка и стравот, си помагаме и за физичката, поставуваме намери, се поврзуваме со себе, правиме енергетски детокс и го подигаме нивото на енергијата.
Се сакаме себеси.
Се препорачува да се направат неколку третмани по ред, бидејќи е потребно време за промена на старите навики и прифаќање на нови.
Освен звукотерапијата со кристални звуци, (садови изработени од бел кварц) во звучната бања се вклучени и дополнителни инструменти како кристални ѕвончиња (crystal chimes) и дождовен стап (rainstick) кои имаат своевидна улога низ целиот процес.
Еве само неколку придобивки од звукотерапијата:
- Го смирува вашето тело и ум
- Го намалува стресот и анксиозноста
- Го зголемува фокусот и јасноста
- Ја олеснува тензијата и болката во телото и мусклулите
- Ја намалува напнатоста и заморот
- Го зголемува вашето расположение и го намалува чувството на лутина
- Го зголемува нивото на вашата енергија
- Го подобрува сонот
- Ја намалува емоционалната тензија и болка
- Го зголемува чувството на духовна благосостојба
- Ја зголемува креативноста и интуицијата
- Го олеснува и поттикнува изнаоѓањето на решенија за вашите проблеми кои ги обзервирате од поинаков агол
Важни информации:
Сесијата ќе ја започнеме со ваши прашањадоколку ги имате, краток вовед и основно инфо за тоа што е звучна бања и што ќе се случува за време на истата и како најдобро да ја искористите и примите звучната терапија. Ќе продолжиме со кратка вежба за дишење и воведување кон заземјување и опуштање, а потоа веднаш започнуваме со звукотерапијата.
- Бидете на време, не може да се приклучите доколку е започната сесијата
- Бидете удобно и лесно облечни
- Не се прејадувајте пред сесијата
- Пијте доволно вода во текот на денот
Звукотерапијата е безболен и неивазивен третман и можете да ја практикувате секојдневно.
Единствено, треба да внимаваат оние кои имаат епилепсија која се предизвикува со звук, имаат стеснување на каротидната артерија, вграден пејсмејкер, вештачка срцева валвула, срцева аритмија, стент, шант или DBS апарат.
Сесиите ги води: Ива Зафировска – звуко терапевт
За дополнителни термини и групни или индивидуални сесии, контактирајте не преку WhatsApp, Viber или јавете се на +389 78 255 707 или испратете ни мејл за било какви други прашања и детали поврзани со нашата работа на: contact@arslucida.com