Коучинг

Збогати го секој аспект од твојот живот

Коучингот е силен и ефикасен начин на воспоставување сопствен систем на мотивации и вредности, со коучот кој е посветен и подготвен да Ви асиситира во надминување на препреките и разјаснување на недоумици. Коучингот е процес кој ви помага полесно да ги дефинирате целите и врз основа на тоа да преземете соодветни чекори. Тоа е начин да научите нови стратегии, да почнете да го применувате она што веќе го знаете, да се движите со сигурни чекори напред.

Целта на коучингот е да се подобрат личните и професионалните перформанси на поединецот со тоа што ќе се откријат неговите способности преку насочен разговор и поставување на прашања. Клучен момент во коучингот е директното учество на клиентот во самиот процес на наоѓање на решенија.

Коучингот е патување кое ќе го збогати секој аспект од Вашиот живот. Чест ми е што ќе можам да работам со Вас да Ве поддржам во потрагата по она што вистински го сакате за себе. Нашите коучинг сесии може да ги вклучат сите аспекти од Вашиот живот, лични и деловни; Вашите вредности, цели, работата, односите со другите, животниот баланс и секако целокупната исполнетост. Ќе работиме на зајакнување на нашиот однос така што тој во потполност ќе го поддржи Вашиот напредок на сите нивоа.

Моите обрски кон Вас како клиент:

  • Ќе ве слушам и ќе го водам разговорот на начин да го разбудам најдоброто во Вас.
  • Ќе Ви поставувам прашања кои ќе Ви помогнат да најдете сопствени решенија.
  • Ќе Ви асистирам да ги дефинирате и достигнете сопствените цели.
  • Ќе задржам висок степен на професионализам.
  • Секоја сесија ќе внесе дополнителна вредност на патот кон Вашиот успех.


Вашите обврски во улога на клиент:

  • Бидете отворени и искрени бидејќи само така ќе може да добиете максимум од нашата работа.
  • Задржете интегритет, искреност и автентичност.
  • Ваш прв приоритет, во нашата работа, треба да биде грижа за себе. Важно е да посветите посебно внимание на целокупниот систем ум-тело-емоции.
  • Поставете големи цели.
  • Преземете одговорност за своите постапки и резултати.
  • Бидете отворени за нови можности. Експериментирајте со нови идеи. Ова понекогаш ќе оди лесно, а можеби некогаш ќе бара храброст да тргнете во непознато.
  • Како да добиете максимум од коучингот
  • Бидете подготвени.
  • Искористете го коучот како ресурс но, не очекувајте одговори, јас нема да Ви кажам што треба да работите. Одговори ќе најдете само во текот на коучинг програмата.
  • Уживајте во коучинг разговорите!
  • Дојдете подготвени за предизвици. Јас се обврзувам дека ќе Ве држам за збор, ќе ја почитувам Вашата визија и насоченост кон целите.


Вие сте личноста која ги донесува сите одлуки во текот на коучинг процесот и сте одговорен за сите акциони чекори кои се дефинираат во текот на коучинг проектот, како и за лични и деловни успеси.

Коучингот може да го направи вашиот живот далеку подобар отколку што сте замислувале дека може да биде и може да ве доведе таму каде што секогаш сте сакале да стигнете. Некои од придобивките кои можат да се добијат преку коучинг се:

  • Откривање на вашето вистинско јас
  • Препознавање и реализирање на сопствените цели, соништа, желби, таленти
  • Поставување на приоритети
  • Изразување на креативноста
  • Конструктивно размислување, управување со емоциите, ефикасно однесување
  • Воспоставување на лични вредности, сопствена визија и мисија во животот
  • Водење на живот со значење и со цел
  • Градење на успешни врски
  • Стекнување на практично знаење и способности за донесување на одлуки
  • Достигнување на рамнотежа
  • Подобрување на перформансите, потенцијалите и ефикасноста
  • Развивање на самодоверба и верба во сопствениот внатрешен глас
  • Постигнување на успех на професионален план


Во организациски контекст, коучингот доведува до зголемена свесност за важноста и влијанието на поединецот во пошироката перспектива на бизнисот. Во секој случај, ангажманот на клиентот е од пресудно значење за коучингот да биде успешен и да го поддржи креативниот процес на изнаоѓање на сопствени решенија и преземање на соодветни мерки, што води кон длабока и потрајна промена во однесувањето.

Коучингот може да се примени во најразлични ситуации во кои е потребен развој на личен или на професионален план, или пак решавање на состојби и проблеми од секој аспект на живеењето, како на пример: состојби на блокада, стрес, кризи во личниот или професионалниот живот, недостиг на мотивација, проблеми при водење на тимови, конфликтни ситуации итн.

Топло ви препорачуваме да научите нешто повеќе за коучингот, да дознаете кои се вашите цели во работата со коуч и да не заборавате дека коучингот претставува една значајна врска. Помеѓу вас и коучот би требало да постои поврзаност која ќе ви одговара вам лично и во која ќе се чувствувате удобно.