Пушти го она што го сакаш

Пушти го она што го сакаш

Таа ми прати порака во која пишуваше дека не знае како ми успева да бидам секогаш добро со сè што ми се случува; дека е среќна за мене и завидлива во исто време.

Таа секогаш сакаше бебе и имаше идеја дека додека наполни 32 години, ќе биде во брак и ќе има три деца. Сега размислува дека овој план можеби не бил во „нејзините карти“.

Мојот одговор протече низ моите прсти како некој друг да ги придвижи:

Јас никогаш не го сакав ова. Никогаш не го очекував. Се обидував да го преживеам животот, и не размислував за денот кога би пораснала, би се омажила, имала деца или за белата ограда на дворот од куќата.

Мислев дека ќе бидам мртва пред да наполнам 17 години. Кога имав 18 помислив дека би било добро да почнам да креирам нешто.

Мислам дека полесно ми успеваше да остварам прекрасни нешта бидејќи никогаш немав никаква почетна идеја за тоа како, или дека тие воопшто би дошле во мојот живот. Никогаш не ги затворив сите патишта по кои тие би можеле да дојдат со тоа што би била премногу врзана за тоа како би изгледале и со тоа би ги затворила сите други можности. Само знаев како сакав да се чувствувам и продолжив да го чувствувам тоа.

Често велам дека никогаш не дозволувам мојата љубов (за една личност) да го попречува мојот живот. Секогаш би го избрала чувството „среќа“ пред чувството „љубов“ ако таа љубов е лудило. Оваа идеја всушност се надоврзува на ширината со која сум спремна да сакам бидејќи љубовта е слободна, тоа е избор. Јас сакам да го живеам тој избор.

Па така, често гледам луѓе кои бираат „љубов“ пред „среќа“ како да се заглавени во љубовта. Тие се често истите луѓе кои се заљубуваат но имаат проблем да опстојат во љубовта.


Клиентите доаѓаат со приказна која е веќе вградена во секој еден од нивните невротични идеи дека „Ова е како треба една љубовта врска да изгледа“, или „Ова е она што е вистина за љубовните врски“ или „Јас сум во оваа врска но не можам да го прифатам ова, ова или ова, во врска со неа“.


За моја жал и моја среќа, јас немав пример за тоа каква врска би сакала, па никогаш не се заглавив во потребата да имам врска. Никогаш немав детски соништа за мојот возрасен живот, за мајчинството, за носењето венчаница. Никогаш не размислував што би работела или каде би одела.

Она што го предложувам е малку како стапицата за мајмуни. Мајмуните во Индија се затвораат со помош на кафез со отвор кој е доволно голем за да одговара на нивната рака, и притоа една банана е во кафезот. Мајмунот е толку занесен од добрите ствари кои се внатре што пред ловецот да дојде со вреќа над неговата глава, мајмунот не ја пушта бананата иако е преплашен од тоа дека ќе биде заробен. Отворот е доволно голем за мајмунот да ја извлече раката, но не доволно голем за раката со банана. Мајмунот си го предава животот само заради тоа што се држи за глупата банана, додека само кога би ја пуштил, тој би бил слободен.

Таа банана е симбол на проекциите за кои многу луѓе се држат, за она како би „требало“ да изгледа нивниот живот.

„Мојата врска треба да изгледа вака па затоа не успевам да уживам во врската во која сум“

„Јас требаше да имам деца досега и затоа ја користам мојата енергија за да бидам завидлива“ „Би требало да имам поубава куќа досега, па затоа не можам да поднесам да си доаѓам дома секој ден“

Оваа листа е бесконечна – И сите овие се банани.

Тој мајмун можел да продолжи во дивината и да најде поубава банана, бесплатно, можеби дури и повеќе, но тој не може да се откаже од неговото врзување да ја земе баш оваа банана. Над ова врзување за самата банана, тој не може да се одврзе од она што треба да го направи за да ја земе оваа банана.

„Моите банани“ беа некаде во широката дивина, застрашувачки како било што друго, но слободни од менталната заробеност на „она/ова, вака/онака е како се добиваат банани“, „оваа е бананата која морам да ја имам“,толку многу што би се откажала од мојата суштина за да го добијам тоа.

Партнерските релации и мајчинството дојдоа лесно за мене, бидејќи можев да ги земам или да ги оставам. Ако дојдеа, ќе најдев начин да го видам тоа како благослов. Ако не дојдеа, ќе најдев начин да го видам тоа како благослов.

Никогаш не го сакав тоа толку за да се откажам целосно од истото после некое разочарување, и никогаш целосно не го сакав тоа толку за да се откажам од својата суштина за истото.

Се фокусирав на тоа како сакав да се чувствувам и се движев кон друго дрво ако не се чувствував 100% своја. Во процесот на тоа што не висев на гранките надевајќи се дрвото да се промени или да ми донесе повеќе банани, што не ги затворав моите животни искуства со заглавување на истото дрво кога можев да се движам слободна, или што не ја држев раката заглавена во нечија туѓа стапица за тоа како мојот живот би требало да изгледа, најдов цела шума преку која го пишуваше моето име. Тука, бананите се бесконечни.

Луѓето го пропуштаат овој дел: тие го пропуштаат она што вистински го сакаат. Мајмунот можеби ја сака бананата бидејќи е гладен, или бидејќи му е досадно. Бананата е само симбол на она што тој вистински го сака. Храна или играчки.

Ако сакав љубовна врска, ќе наоѓав начини да бидам во интимна релација со сите кои ги знаев. Ќе постанував крајно искрена и лудо автентична. Ако сакав деца, ќе отидев да подучувам нечии туѓи деца ако веќе ги немав. Ако сакав поубава куќа, секој ден ќе велев колку сум благодарна за оваа која веќе ја имам.

Не сум збунета за тоа што сакам. Она што го сакам е да ја задоволувам мојата жед за живот. Немајќи ја чашата од која сакам да пијам нема да ме спречи да ги спојам рацете во облик на чаша и да пијам вода од река.

Една пријателка еднаш ја подаде раката свиткана во позиција на чаша и рече, „Ако сипам вода во мојата рака, како ќе ја задржам? Јас зјапав. Таа рече „Ако ја затворам раката за да ја задржам водата, таа ќе протече низ моите прсти. Единствениот начин на кој можам да ја задржам, е да ја држам раката отворена“.

Останав отворена за тоа како нештата би доаѓале во мојот живот и како би оделе. Овој начин ме одведе на места за кои никогаш не се осмелив да сонувам, внатре во себе и внатре во мојот живот.

Пуштете ги вашите банани.

Останете отворени.

Пијте ја онаа вода која има добар вкус за вас без разлика на кој начин.

Сè доаѓа.

Ова го ветувам.              

Бонус: За да бидете среќни, мислете на другите. За да бидете несреќни, мислете само на себеси. 

Стејси Хоч

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!