Работата и задоволството

Работата и задоволството

„Со цел да се вклопи или барем така да изгледа, човекот е форсиран да се забавува, бидејќи само оние кои се прилагодени или се вклопуваат се прифатени за нормално и се подржани да успеат.“

Еден од најголемите митови на денешницата е митот за Балансот работа – задоволство. Во суштина тој претставува само поврат на достоинството на задоволството и опуштеноста во култура која налага работа, работа и само работа. Поделбата на работа и живот/задоволство во основа е направена само заради нарушување на човековата внатрешна целина.

Научени сме и воспитани да работиме додека работиме, а да си играме кога ќе си играме.

Оваа идеја за одвојувањето на работата од задоволството е наметната за да можат двете активности да имаат бенефит: ништо да не ја наруши сериозноста на рационалното однесување, а истовремено сериозноста и одговорноста да не фрлат сенка на забавата. Произлезена од севкупната социјална и општествена организација која влијае на индивидуата да се подвои на делови (работа/задоволство, продуктивен/креативен итн) и да функционира во вештачки создадени поларитети.

Функционирањето во два спротивставени поларитети овозможува контаминација на личниот живот со одвоени приоритети и аспирации, често во меѓусебен конфликт. Овој животен образец на поларитети е еден од најограничувачките обрасци за човештвото.

Кога работата е потполно лишена од игривост, таа преминува во досадна и монотона активност, а задоволството претставува глупост и се смета за безначајно. Вистинската радост лежи во сериозните нешта 😊 Но, далеку од тоа.

Ние имаме тенденција да ги претвораме надворешните околности, вклучувајќи ја и работата, во главен причинител или водич на нашиот живот, што секако нѐ дехуманизира. Нѐ претвора во роботи, а наспроти тоа имаме тенденција да истражуваме и бараме хумани нешта. Забораваме дека ние го создаваме и градиме сопствениот живот и одлучуваме во кој некој сегмент ќе бидеме инволвирани помалку или повеќе, внесувајќи задоволство во тие сегменти преку креативност, уживање и споделување. 

„Поделбата“ на животот на различни функции кои би биле попродуктивни доколку се држат одвоени е направена заради чиста рационализација, заради приоритетот на рационалното над душевното, на егото над личноста. Задоволството е дозволено само ако е во служба на успех и само – промоција е менталитет, можеби најбитен и најтрагичен од сите усвоени. Води кон индустријализација на среќата и ја третира како услов кој треба да биде чекиран на долгата листа на услови потребни за социјален успех.

Истовремено, сѐ почесто слушаме совети од типот „бидете среќни“. Тие се очигледно насочени кон надминување на внатрешните инхибиции. Но, ова охрабрување содржи толку парадоксалност со самата спротивставеност на духовните потреби и рационалните интереси. Тоа оди дотаму да она што е спонтано и слободно го сметаме како небитно и го ставаме под контрола. Сѐ правиме за да се адаптираме, бидејќи само адаптираните се нормални и успешни! Уште повеќе, луѓето чувствуваат повеќе симпатија кон насмеани лица, отколку кон несреќни.

Потребата за забава и задоволство преминува во диктатура („мора да си среќен, без оглед дали ти се допаѓа тоа или не.“) што среќата ја претвора во рудник кој треба да се копа со истиот компулсивен елан како и кариерниот или финансискиот успех. Среќата , посматрана на овој начин, бара повторно работна етика! Забави, патувања, дружења итн кои треба да ни донесат практични предности, конекции, нетворкинг. На крајот на денот, не баш.

Би рекла, сѐ што е потребно е да си го тераме животот и да се водиме од чувството што не насочува кон нештата кои вистински нѝ овозможуваат да нѝ биде добро во сопственјата кожа. Потребно е да разбереме дека нажиот живот не е збир од фрагменти, туку е целина во која се отсликува секој наш аспект. Ако не чувствуваме интерно задоволство и среќа, тоа нема да го најдеме никаде посебно, најмалку во работата. Па затоа, време е да погледнеме во себе си…

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!