Работилница Soul Healing (24-25.08)

Работилница Soul Healing (24-25.08)

Да се биде во вистината: Да се оствари конекција со себе, да се биде чист проводник, да се знае, чуе и оствари сопствената вистина.

Ние, луѓето, сме комплексни вибрациони битија, кои често, од момент во момент, одат во екстреми во секој поглед. Балансирањето на екстремите е клучно за постигнување на стабилност и хармонија.

Екстремите се наше секојдневие. Нив ги диктираат слоеви и слоеви повеќе несвесни, отколку свесни содржини: емоции, мисли, кармички обрасци, душевни состојби. Нѐ возат ма животниот rollercoaster, а ние и не знаеме дека се возиме. Уште повеќе, уживаме во возењето, мислејќи дека живееме. Како пинг понг топче се шалтаме помеѓу срцето и умот, и понекогаш, само понекогаш, ќе го чуеме тивкиот глас на нашата душа како извира од темните длабочини на креацијата. Сѐ додека не нѝ се случи некоја ситуација која ниту ние, ниту нашиот ум не може да ја контролира. Нормално, тогаш нѝ е потребна промена на фокусот и реализација дека ние не сме нашиот ум, туку сме свесност. А бидејќи умот нѝ е потребен, би било добро да развиваме здрав однос со нашиот ум, нели?

За тоа време, во сенка, срцето чека да нѝ го отвори патот на љубов, убавина, благодарност, радост, експанзија и инспирација. Тоа е врата на присутност, свест и постоење. Врата за некои други реалности надвор од себеси, врата за чуда и исцелување.

Ние имаме избор. Да се живее во анксиозност, страв, грижа или негативност ИЛИ во љубов и едноставно во дишење, да се промени фокусот и да се влезе во длабокиот мир на нашето срце. Кога еднаш ќе го вратиме чувството на мир и присутност, тогаш и нашиот ум послушно ќе нѐ следи.

Ние сме родени конектирани, а и слободни. Ние имаме право, обврска и одговорност да ја задржиме и изразиме таа конекција и слобода, без оглед на фактот дека пред тоа нѐ чека сериозно копање низ слоевите на темнина кои ја покриваат. Тоа е единствениот пат до бесконечна енергија и живот во благосостојба и исцелување.

Ова е работилница која ќе ве подмести, исчисти и отвори за чувството на внатрешен мир, дури и восхит со самите себеси. Ќе се вратите во својот дом. Во своето срце. Во себе.

Теми на работилницата:

  • Дел 1: Енергија и тело
  • Дел 2: Емоции и карма
  • Дел 3: Ум
  • Дел 4: Дух
  • Дел 5: Коучинг
  • Дел 6: Креација

Бенефити од работилницата:

  • Ослободување од стрес
  • Исцелување на сите нивоа
  • Јасни увиди во личните животни искуства
  • Концентрација, меморија и фокус
  • Самодоверба, сила и храброст
  • Внатрешен мир, спокојство и благосостојба
  • Зголемување и стабилизирање на енергијата во системот
  • Балансирање и хармонизирање
  • Хармонија на мислите, емоциите и духот
  • Фокус на животни решенија

Бидете нежни. Имајте сочуство за себе. Бидете добри за себе и негувајте се. Почувствувајте го своето срце и дозволете од вас да се излива љубов и милост.

Референци на методи кои се користат во работилницата:

  • Различни енергетски пракси
  • Емоционално прочистување & работа со Внатрешното дете
  • Елементи на трансакциона анализа & НЛП,
  • Коучинг програма „Трансформација“
  • Основи на Erickson Solution Focused Coaching,
  • Регресотерапија
  • Ментални процеси
  • АТИХ и Шаманизам

Траење на работилницата: 2 дена х 8 часа

Цена на работилницата: 200 eвра

Предава: Елена Антоновска

Елена Антоновска е сертифициран Професионален коуч на Ериксоновиот колеџ од Канада и тренер. Покрај тоа, листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: CEFE trainer, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, Regression therapist, Reiki Master, etc.

За пријавување пополнете ја формата подолу или јавете се на телефон: 075 25 27 24 (Елена)

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!