Online Сертифициран Реики – Ниво 1 (28-29.03)

Online Сертифициран Реики – Ниво 1 (28-29.03)

Најпрово би сакале да ви посакаме Добар ден и Добро здравје на сите.
Со оглед на ново настаната состојба со вирусот Ковид 19 сакаме да ја искористиме оваа можност да ви кажеме да останете во Добро здравје, да Седите дома, да не се грижите и најбитно од се да не кревате непотребна паника.
Мијте рацете, седете дома и слушајте ги препораките од надлежните институции.

Продолжуваме со работа, во прилагодени услови, со нудење на адекватни решенија.
Од досега кажаното, ви дадеме можност на сите оние кои би сакале, да го завршат курсот Реики 1, за прв пат до сега, ОНЛАЈН.
Генерално овие курсеви се одвиваат во групи и е потребно вашето присуство, но заради новонастанатата состојба и секако можноста која ни ја нуди дигиталната ера, а секако со цел ваше самоусовршување, ние ќе излеземе во пресрет и ќе го одржиме курсот во живо, преку виртуелна училница, ОНЛАЈН.

Што треба вие да направите?

1. Прво да седите дома, да се грижите за себе и да не паничите.

2. Оние кои сакаат да го завршат овој ОНЛАЈН курс можат да се пријават:
– преку фејсбук
– е-маил: contact@arslucida.mk,
– на тел.: 075 25 27 24
– или на веб: https://www.arslucida.mk/mk/reiki-1-28-01

3. Во прилог е агендата на курсот и Формулар за пријава кој би го испратиле назад пополнет доколку се одлучите да присуствувате.
Со тоа веќе сте официјално пријавени.
-Откако ќе се пријавите, можете да извршите онлајн уплата, на жиро сметка.
**Оние кои сакаат да го завршат овој курс онлајн, единствено сега ќе добијат и попуст од 20%.

4. Благодарам за интересот за овој прекрасен курс и ви посакувам добредојде на курсот Реики Ниво 1,

Реики 1 ќе се одржи на 28 и 29.03.2020 година во просториите на АРС ЛУЦИДА во Скопје,т.е. ОНЛАЈН.

-Времетраење на курсот е од 10:00 до 17:00 часот двата дена.
*Две кратки паузи од 15 минути и една пауза за ручек.
**Како и да е, ќе бидеме флексибилни во зависност од вашите потреби.

Препораки кои се однесуваат на ОНЛАЈН курсот: бидете комотно облечени, земете си ја омилената храна и пијалок, земете си нешто за пишување и секако, најважно, бидете насмеани.

5.Ќе добиете линк, за виртуелна училница, за да може онлајн, во вашиот дом, да го следите и завршите овој курс.
На почеток на првиот ден ги завршуваме сите административни и финансиски формалности и се даваат дополнителни инструкции.
Потоа продолжуваме да пливаме низ енергијата на Реики.

**Сите оние кои ќе го завршат онлајн Реики 1 курсот, по завршување на вондредната состојба ќе бидат надокнадно собрани за да може да се видите со Елена лично.

Другото останува исто,

Едноставен, природен и безбеден метод на духовно исцелување и самоусовршување кој може секој да го користи.

А што е Реики?
Реики е прецизен древен тибетски систем за исцелување, ускладување и урамнотежување на енергијата, кој се користи за намалување на стресот, за релаксација и за здравје.
Реики исцелува комплетната личност – телото, емоциите, умот, духот и кармата, создавајќи многу корисни ефекти како што се релаксација, чувство на внатрешен мир, безбедност и благосостојба. Тоа го доведува телото во хармонија така што го ослободува од телесните и емотивните блокади.
Реики ги отвора вратите за да можеме да се вратиме кон сопствената совршеност, каква и да е таа, со тоа што ги третира причините и ги отстранува последиците.
Реики третманот доведува до длабока опуштеност.

На кратко што ќе научите:
– Позиции на рацете за третирање на самите себеси.
– Позиции на рацете за третирање на другите.
– Како да третирате чакри со Реики.
– Принципите на Реики.
– Давање и примање на Реики третмани.
– Индивидуално „ускладување“ или „штимање“ (attunement) на енергијата.

Со завршување на овој курс се здобивате со сертификат за завршено прво ниво по Реики.

Цената за сертифицираниот курс за Реики ниво 1 е 90 евра.
**** – 20% за ОНЛАЈН

Предава: Елена Ашвини Антоновска
Елена Ашвини Антоновска е сертифициран Професионален коуч на Ериксоновиот колеџ од Канада и тренер. Покрај тоа, листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: Reiki Master, Regression therapist, Pranic Healing Instructor, CEFE trainer, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, etc.

Дознај повеќе за Елена и Арс Луцида: https://www.arslucida.mk/mk/za-nas/
Останете во добро здравје, #СедиДома #ЗавршиРеикиОдДома