Сертифициран Реики Курс – ниво 2 (30.11)

Сертифициран Реики Курс – ниво 2 (30.11)

Реики е прецизен древен тибетски систем за исцелување, ускладување и урамнотежување на енергијата, кој се користи за намалување на стресот, за релаксација и за здравје. Тој е нежен, едноставен, природен и безбеден метод на духовно исцелување и самоусовршување кој може секој да го користи. Реики бил повторно откриен при крајот на XIX век од страна на јапонскиот доктор Микао Усуи (Mikao Usui), а подоцна проширен низ светот од страна на Хавајо Таката (Hawayo Takata).

Во Реики ниво 1 сè се сведуваше на само-исцелување и чувствување на енергијата – симболите се вметнуваат во аурата на студентот и енергијата на симболите потсвесно се дисперзира преку рацете.

Во Реики ниво 2, вие ќе научите како свесно да ја повикате енергија – енергијата на симболите е свесно насочена од страна на исцелителот за одредени причини.

Некои учители веруваат дека во ниво 2, прилагодувањето на симболот за моќ, ја зголемува вашата енергија (на пример светилката од 50 вати станува светилка од во 500 вати), плус вашата способност да исцелувате ќе се зголеми.

Многу е важно да разберете и запомнете дека Реики симболите немаат магични моќи. Тие се само краток пат или прекинувачи за автоматски вие да генерирате одредена акција во склоп со вашата фокусирана намера. Тие ги отклучуваат вратите до повисоките нивоа на свесност преку силата на намерата и тоа ни помага да ги одредиме суптилните енергии кои ни ги посочуваат проблемите или дисбалансите на физичко, ментално, емоционално или духовно ниво.

Во Реики ниво 2, вие ќе ги научите овие три Реики симболи

  • Симболот за моќ
  • Симболот за далечина
  • Симболот за емоција

Вие ќе научите како да ги цртате, кога да ги користите и како свесно да ја насочувате енергијата за време на вашите исцелувања.

Реики Мастер: Елена Антоновска
Елена Антоновска е сертифициран Професионален коуч на Ериксоновиот колеџ од Канада и тренер. Покрај тоа, листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: CEFE trainer, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, Regression therapist, Reiki Master, etc.


Пријавување и информации:

contact@arslucida.mk
075 25 27 24 (Елена)


Пријавете се подолу на формата, со сите потребни информации: 

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!