Сертифициран Реики Курс – ниво 3 (1.12)

Сертифициран Реики Курс – ниво 3 (1.12)

Им благодарам на моите ученици за нивниот интерес да напредуваат и да одат до крај на ова Реики патување. За еден учител е благослов да види колкаво влијание оставил. ♥

Од тие причини, ќе го повториме курсот Реики 3/А.

Овој курс ќе Ви помогне на Вашиот пат кон ДЛАБОКО спознавање на себеси и ќе ја засили вашате фреквенција. На овој курс, фокусот е на вашата СЕНКА.

  • Само денес, нема да се грижам.
  • Само денес, нема да се лутам.
  • Само денес, ќе покажам благодарност за сите мои благослови.
  • Само денес, чесно ќе ја работам мојата работа.
  • Само денес, ќе ги почитувам сите живи суштества.

–  Микао Усуи

Предавач: Елена Антоновска

Елена Антоновска е сертифициран Професионален коуч на Ериксоновиот колеџ од Канада и тренер. Покрај тоа, листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: CEFE trainer, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, Regression therapist, Reiki Master, etc.

Нејзиното професионално искуство е стекнато во разни бизнис опкружувања, од државни институции, осигурување, односи со јавност и работа како freelancer во полето на личниот и професионалниот развој, комуникација и коучинг, претприемништво и практични пристапи кон духовноста и само-реализацијата.

Ars Lucida – Coaching & Training во Скопје е местото каде се применуваат вештини, техники, методи и знаења кои ги покриваат сите аспекти на човекот како целина. Активностите во центарот се базирани на мотивација, инспирација, предизвик, поддршка и помош во процесот на самореализација, промена и успех. Спојот на древни и модерни знаења, аплициран во секојдневниот живот во вид на практична духовност, овозможува многу широко делување и опфаќа различни целни групи, а знаењето се пренесува преку индивидуална работа, обуки и работилници од областа на личниот и професионалниот развој.

Пријавување и информации:
contact@arslucida.mk
075 25 27 24 (Елена)


Пријавете се подолу на формата, со сите потребни информации: 

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!