Сертифициран Реики курс – ниво 2 (04.04)

Сертифициран Реики курс – ниво 2 (04.04)

Реики е прецизен древен тибетски систем за исцелување, ускладување и урамнотежување на енергијата, кој се користи за намалување на стресот, за релаксација и за здравје. Тој е нежен, едноставен, природен и безбеден метод на духовно исцелување и самоусовршување кој може секој да го користи.

Во Реики ниво 1 сè се сведуваше на само-исцелување и чувствување на енергијата – симболите се вметнуваат во аурата на студентот и енергијата на симболите потсвесно се дисперзира преку рацете.

Реики ниво 2 ве поканува да ја продлабочите конекцијата со својата регенеративна моќ и да се здобиете со поголемо искуство во користењето на Реики.

Во Реики ниво 2, вие ќе научите како свесно да ја повикате енергија – енергијата на симболите е свесно насочена од страна на исцелителот за одредени причини.

На овој Реики курс ќе добиете:

▪️ 2 нови усогласувања (attunements) кои понатаму ќе ги зголемат вашите исцелувачки способности, ќе ги интегрираат симболите и ќе ве приближат до себе;

▪️Значење на симболите во универзалното знаење;

▪️Концепт на време и простор;

▪️Првите 3 симболи на Реики, нивните имиња, активирање и употреба;

▪️Испраќање Реики на далечина за себе и другите;

▪️Потсетување на знаењето за енергетскиот систем;

▪️Употреба на Реики на ситуации и настани;

▪️Подлабоко разбирање на кармата и нејзино чистење со Реики;

▪️Практични вежби;

▪️Моќта на намерата;

и многу повеќе.

Некои учители веруваат дека во ниво 2, прилагодувањето на симболот за моќ, ја зголемува вашата енергија (на пример светилката од 50 вати станува светилка од во 500 вати), плус вашата способност да исцелувате ќе се зголеми.

Многу е важно да разберете и запомнете дека Реики симболите немаат магични моќи. Тие се само краток пат или прекинувачи за автоматски вие да генерирате одредена акција во склоп со вашата фокусирана намера. Тие ги отклучуваат вратите до повисоките нивоа на свесност преку силата на намерата и тоа ни помага да ги одредиме суптилните енергии кои ни ги посочуваат проблемите или дисбалансите на физичко, ментално, моционално или духовно ниво.

Вие ќе научите како да ги цртате, кога да ги користите и како свесно да ја насочувате енергијата за време на вашите исцелувања.

 

Цената за сертифицираниот курс за Реики ниво 2 е 130 евра.

Дознај повеќе на https://www.arslucida.mk/mk/za/

 

🙋🏼‍♀️Реики Мастер: Елена Антоновска

Пријавување и информации:

📧 contact@arslucida.mk

📞 075 25 27 24