Работилница – Што е потребно за среќа? (23.11)

Работилница – Што е потребно за среќа? (23.11)

Насловот на работилницата зборува за среќа, но истовремено зборот среќа може да се замени и со успех, кариера, изобилство, напредок, здравје во секоја смисла.

Ние би сакале да ве слушнеме и да знаеме што вам ви е потребно за да живеете исполнет живот, и би можеле да ви понудиме потенцијални решенија или алатки за изнаоѓање на истите.

Би сакале да ви предложиме како тоа и да го постигнете.

Да се најдеме на пола пат! 😊

Дозволете нѝ да ви се претставиме и заедно да отвориме нови врати и нови можности!

Ви посакуваме добредојде!

Цената на оваа работилница е: 70 евра

 

Пријавување и информации на:

contact@arslucida.mk

075 25 27 24 кај Елена.

Предавач: Елена Антоновска


Елена Антоновска е сертифициран Професионален коуч на Ериксоновиот колеџ од Канада и тренер. Покрај тоа, листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: CEFE trainer, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, Regression therapist, Reiki Master, etc.
Нејзиното професионално искуство е стекнато во разни бизнис опкружувања, од државни институции, осигурување, односи со јавност и работа како freelancer во полето на личниот и професионалниот развој, комуникација и коучинг, претприемништво и практични пристапи кон духовноста и само-реализацијата.
Ars Lucida – Coaching & Training во Скопје е местото каде се применуваат вештини, техники, методи и знаења кои ги покриваат сите аспекти на човекот како целина. Активностите во центарот се базирани на мотивација, инспирација, предизвик, поддршка и помош во процесот на самореализација, промена и успех. Спојот на древни и модерни знаења, аплициран во секојдневниот живот во вид на практична духовност, овозможува многу широко делување и опфаќа различни целни групи, а знаењето се пренесува преку индивидуална работа, обуки и работилници од областа на личниот и професионалниот развој.
Во март 2017 година е прогласена за најуспешна жена менаџер за 2016 година од областа на личниот и професионалниот развој.

Пријавете се подолу на формата, со сите потребни информации: 

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!