Дали си “спиритуален шопер”?

Дали си “спиритуален шопер”?

Дали сте слушнале за последната медитација и курс за исцелување? – ве прашува вашата пријателка? И вие веднаш се претворате во уво. Таа тогаш почнува да ви ги објаснува бенефитите од овој нов курс – очигледно е  подложна и верува во сè што ќе слушне – си мислите. 

Разговорот продолжува додека вие бескрајно зборувате за огромната количина на знаење во врска со духовноста кое сте го „собрале“ низ годините. 

Ваквите разговори се многу чести овие денови. И нема ништо погрешно во врска со тоа!

Љубопитноста е особина на најинтелигентните луѓе и со оглед на тоа дека постојат луѓе кои постојано се во потрага по прогрес на нивниот духовен пат, ваквите истражувања не се неприродни. 

На патот кон истражувањето пробуваме најразлични работи и тоа за многумина трае долги години. Можете да наидете на многу практиканти кои ќе споделат како тие следеле различни духовни патишта кои траеле по  неколку години се додека не го пронашле оној кој конечно решиле да го користат. 

Прашањето е колку долго трае сето тоа? Дали постои временска граница за тие кои истражуваат и се во потрага по вистинскиот пат?

Најпрво пред да го одговориме тоа, ајде да погледнеме однатре. Дали оваа потрага претставува вистинска жед за знаење и прогрес или веќе ни станало навика да скокаме од еден курс на друг?

„Спиритуален шопер“ е термин за да се објаснат сите оние кои скокаат на возот само за да го напуштат патувањето на половина пат и да почнат со ново. 

Па, дали вие сте станале спиритуален шопер?

Одите на курс, љубопитноста ве обзема на неколку нивоа и наскоро се наоѓате како го правите истото со уште еден курс. Вашиот фокус ве пренасочува од вашиот духовен прогрес кон уште едно добивање на сертификат. Се наоѓате себеси многупати вклучени во дебати за тоа кој курс е добар, а кој не е. Некои ги советувате, а некои ги критикувате. 

На крајот, после сите години поминати во експериментирање вие кај себе можете да видите многу малку прогрес или воопшто не сте напреднале. 

Време е да седнете сами со себеси и да направите одлука. Време е да рефлектирате и да видите дали навистина сте станале спиритуален шопер. Бидете искрени со себе. 

Спиритуалните шопери не се ништо поразлични од студенот кој после студиите работи како комерцијалист, па се префрла на изучување на науката кое би траело некаде една година и сега можеби ќе пробаат да се занимаваат со уметност не успевајќи да се задржат на ниедна од овие „активности“. 

Прашањето е: Како овој студент некогаш ќе може да биде во можност да го изеде плодот  од своето стекнато знаење и да ја земе наградата за сопственото напорно работење? 

Духовен прогрес

Мастер Чоа Кок Суи, основачот на Pranic Healing и Архатик Јога вели дека целта на медитацијата или духовната пракса е да се одржи единството. 

Како еден човек ќе се приближи до целта ако постојано не успева да го следи патот од една цел и свесност? Духовниот напредок бара посветеност и според постарите учители тоа може да трае неколку години, па дури и еден животен век на редовна пракса за да се постигне просветлување. 

Но, да се вратиме на темата… За да се напредува духовно, неизбежна е потребата за целосна посветеност. Искрено, среќни се оние кои можат да искусат комплетна посветеност. Сознанието дека вие сте безбедни и дека сето она што вам ви се случува е дел од еден поголем план, мирот и смислата за постоење кои тоа ги носи, не може да биде објаснето со зборови. 

Истражувајте се и бидете свесни за тоа колку ви е потребно за конечно да се посветите на нешто. Оставете ја желбата да ја победите онаа битка на зборови со луѓе за тоа кој најмногу знае. 

Само прифатете, верувајте и посветете се на вашиот развој. За многу кратко време, пократко од она што некогаш сте мислеле дека е потребно, целата ваша посветеност заедно со битките кои сте ги воделе до сега ќе си дојдат на своето место. 

Комплетната посветеност на ТВОЈОТ пат е твоето враќање дома.

Претходен напис
Прана, здив на животот