Што кога мислиме дека не сме доволни?

Што кога мислиме дека не сме доволни?

Ова се времиња во кои се чувствуваме неадекватни и прекумерно свесни за нашата долга листа на маани. Постојат прилики во кои се прашуваме за нашата цел, за нашата слика и за нашиот идентитет што не принудува да се запрашаме дали сме доволни самите на себе.

Кога ќе помислам на моментите кога сум бил во сомнеж за ставање на моите мисли во светот на пишување. Доколку не го добијам одговорот кој го посакувам, јас веднаш се прашувам за мојата смисла и за моите вистински цели и се прашувам дали луѓето само ме чувствуваат како чуден.  Веднаш почнувам да генерирам некоја чудна негативна спирала на фокусирање на тоа каде најмногу се чувствувам кус во исто време споредувајќи се со некаква листа каде другите доживуваат развој.

По кратко време јас разбрав дека овие несигурности за кратко време можат да ме уништат доколку не се справам со нив.

Во скоро време ги прочитав резултатите од личната архива. Резултатите ми рекоа дека сум сензитивна личност (го знаев ова) и често ги основав моите лични перцепции на тоа како другите ме гледаат. Ова ме погоди не поради тоа што беше уникатно за мене но поради тоа што не видов дека вистинскиот збор кој го барав е „перцепција“.

Бидејќи го идентификував овој обичен факт: моето негативно размислување ме попречува. Јас сум тој што го прикачува значењето за одбивањето, дали е тоа коментар или помала посетеност на моите текстови. Јас сум тој кој ги разбира работите премногу лично. Јас сум тој кој се напаѓа самиот себе си за неговиот личен неуспех.

Бидејќи го разбрав тоа, јас научив како да ја заменам таа негативност охрабрувајќи се себеси, зачинето со грубата реалност и малку зборови на милост.

Еве неколку работи кои си ги реков на себе за да се освестам:

1.     Доколку веруваме дека сме на оваа земја со ограничено време, тогаш на кого му е гајле што луѓето мислат дека сме чудни?

На крајот од денот зошто живееме доколку не се бориме за најдобрата верзија од нас. Зошто не се втурнуваме во ситуации каде неудобноста е сеопфатна? Јас нема да бидам погребан два метра под земја или мојата пепел да биде фрлена во морето доколку не се изборам за моето име. Тоа нема да се случи. Ако смртта е најголемото нешто од што ние луѓето се плашиме тогаш стравот од тоа луѓето да помислат дека ние сме чудни бледнее во споредбата.

2.     Не се замарам повеќе

Доколку јас живеам автентично, доколку сум се качил на возот за да ме однесе на место каде што е добро за мене, јас ќе продолжам да се возам во истиот. Секогаш ќе постојат луѓе и места или моменти во текот на патувањето кога јас ќе се чувствувам дека не сум доволно добар и тоа е во ред. Доколку останам вистински на тоа кој сум и доколку продолжам да работам на мојот личен раст и развој и да научам и постојано да се обидувам – јас секогаш ќе бидам во првите редови во таа игра.

3.     Што да направам доколку некој успева повеќе од мене.

Поминав низ многу тешки и напорни периоди споредувајќи се со други индивидуи кои изгледаат како навистина да го живеат животот што јас го посакував, кои трагаат по своите соништа со многу храброст и впуштање во непознатото само за да видат што ќе се случи. Сега туркам со малку повеќе одлучност „да си го исполнам времето!“ или со „да туркам се додека животот не изгледа како благослов кој треба да биде.“

4.     Ги бројам сопствените благослови

Јас паметам за многу, многу полошо. Се ослободувам од тоа чувство затоа што сум многу среќен. Се потсетувам на моите таленти, на моите достигнувања на моите сакани и на моите животни искуства. Се борам против давење во моите слабости со тоа што ќе лебдам со помош на моите силни страни.

5.     Се потсетувам дека самиот на себе сум си доволен

Ќе продолжам да бидам доволен без разлика на тоа по што барам, со кого сум, каде одам или за што се борам, јас сум доволен затоа што јас велам така. Јас имам моќ да ги контролирам сопствените мисли и мојата претстава за себе си и тоа е доволно.

Јас ќе продолжам да се потсетувам на овие корисни работи кога оние моменти на сомнеж ќе дојдат повторно на мојот праг. Но тие работи нема да останат таму, тие немаат место во моето срце. Тие исто така немаат место ни во вашето.

Живејте го вашиот автентичен живот, трагајте по вашите животи и потсетете се себе си повторно и повторно дека вие сте доволни такви какви што сте. Вие можете да надминете се само искористете ги вашите таленти, најдете го вашиот глас, завладејте и полетајте.