Светот ќе го спасат новите деца!

Светот ќе го спасат новите деца!

Во време кога околу себе гледаме само лоши случувања – пропаѓање на економијата, уништување на планетата,меѓучовечките односи и распадот на семејствата, време е да дознаете дека сеуште постои надеж за човештвото. Надежта е во нашите деца. Тоа не е само флоскула, не е она кое со генерации се повторува, не е она што со секоја нова генерација одново се очекува, туку е она –„поинаквото“ кое веќе ни се случува.

Ние сеуште нив ги перципираме појасно, отколку тие нас.

Дека нешто навистина се променило  во свеста на децата родени во 90-тите до денес, сфатив кога и самиот созреав доволно, за да можам да ја осознавам и забележам таа промена. Но, не можам да кажам дека такви поместувања во свеста не постоеле и порано. Перцепцијата за истите постоела и кај возрасните, но тоа биле поединечни случаи.

Денес, јас сум потполно сигурен дека се повеќе новороденчиња  доаѓаат на свет со се понагласена индивидуалност и пофина енергија кои не ги наследиле од претходните генерации. Овие деца  ги викаат индиго деца, кристални деца, им даваат најразлични имиња ,се со цел да ни ја претстават таа разлика, таа поинаква енергија, но сето тоа е прашање на именувањето. Со своето искуство и пракса можам да потврдам дека тие деца навистина постојат. Проблемот е што сеуште ние  нив полесно ги перцепираме отколку тие нас. Но и тоа ќе се промени.

Од почетокот на 90-тите

Оваа енергија која ја чувствувам  би можел да ја наречам повисока фреквенција која се манифестира со следниве особини:подлабока  свест, изразена креативност и нагласена карактерна стабилност. Она што го забележав кај другите генерации е дека стекнувањето на таква перцепција за себе и околината доаѓа со искуството, медитацијата, или работата на себе и дури потоа можат да бидат манифестирани до степен да може и да бидат препознаени. Со новата генерација е поинаку – тие оставаат впечаток наречен „поместен старт.”Новата генерација не е исклучок кој го потврдува правилото, туку сами стануваат правило. Овие деца се раѓаат се почесто, најпрво спорадично во 90-тите години ,а денес рапидно се шират. Во минатото, во едно семејство се раѓало по едно такво дете, а сега се случува да има и по 2 или 3 деца во едно семејство. Овој показател  е доказ за прогресијата, но би било погрешно да се каже дека сите деца се такви. Кај некои,овие промени сеуште не можат да се забележат.

Децата со т.н. поместен старт  порано ја изразуваат својата креативност  и како деца полесно ги детектираат своите потенцијали, па за нив можам да кажам дека се веќе „специјализирани“,oдносно подготвени од самиот почеток.Овие нови генерации на деца со проширена перцепција се дел од светската популација веќе поодамна. Овие деца, во иднина ќе создадат маса која, кога ќе дојде до степен на зрелост – за 20 до 30 години ќе донесе промени во целиот свет. Таа повисока вибрација на полна и зрела свесност, преку оплеменување и со стекнатото животно искуство на новите технологии, ќе изврши огромно влијание и ќе биде платформа за создавање на круцијалниот исчекор во еволуцијата на луѓето кој што исчекор веднаш и ќе биде забележлив. Нашата генерација не е подготвена за да го направи овој исчекор, ние не можеме да ги менуваме општеството и односите затоа што  ја немаме таа повишена внатрешна фреквенција потребна за промена. Тие ја имаат и преку неа ќе успеат да ги рушат нашите и да воспостават свои вредности.

Повеќе добри луѓе!

Ни доаѓа генерација која знае што сака и која ќе направи сè што сака. Морам сепак да предупредам дека и во таа генерација ќе постојат поларитети, па и таму децата со поголема сензибилност ќе се ориентираат кон автодеструкција или ќе бидат сериозно погруби од било кој пред нив . На жалост и овој феномен е неизбежно да се случи. Утешен е показателот дека децата со повисока, добра или свест за она што е добро сепак ќе надвладее. Ќе се раѓаат се подобри и подобри луѓе, луѓе со добри карактерни особини – и поради тоа добрите луѓе ќе доминираат!

Тие ќе ги менуваат општествените парадигми и ќе бидат креатори на новото општество, развивајќи нова сфера на енергија, нешто според кое денешниот поим интернет ќе биде застарена технологија. Во добата на нивната зрелост овие деца ќе го остварат она што јас го нарекувам „жива еволуција“.

Можно ли е ова да го зборува толку мало дете ?

Родителите на овие деца кои сеуште не можат да си ја објаснат ниту пак да се носат со различноста на овие деца често доаѓаат по совет, а моето објаснување е дека сè што се случува можат да споредат со развојот на технологијата. Како што некогаш додатна автомобилска опрема била луксуз, ретка и скапа – а денес е веќе стандардна, така е и со овие деца .Кога родителите ќе забележат дека нивното 2 годишно дете јасно знае што сака, дека е емпатично  до тој степен што од него не може да се сокрие било каква емоција, кога ќе почне да комуницира непрекинато, а не само повремено, притоа формирајќи мисли и реченици на начин за кој е потребна зрелост –тоа не е случајно. Нивните прашања досегаат до филозофските длабочини и овие деца не се задоволуваат со детски одговори туку бараат конкретни одговори. Секако дека ова ги плаши и збунува родителите  бидејќи не можат да си ги објаснат коментарите кои излегуваат од устата на нивните  мали деца.

Совет до родителите

Во зависност од социјалниот или религискиот елемент присутен кај родителите, тие знаат да дојдат со следните прашања

·         Дали моето дете е опседнато од нечиј дух?

·         Разговара  ли моето дете со ангели?

·         Со некој ентитет?

·         Не знам да објаснам како му се случува ова.

·         Детето ми зборува работи кои јас не ги знам! Имам чувство дека немам што да го научам своето дете. Како тоа да учи ме мене, а не јас него. Јас учам од моето дете.

Mother and daughter practicing yoga on the beach

Мој совет до родителите кои овие промени ги забележале кај своите деца е дека покрај вниманието кое им го даваат, треба да бидат пријатели и да ги будат нивните интереси. Да им понудат избор, а не да ги присилуваат. Да им бидат пријатели, а не водачи. Тоа е многу важно. Бидејќи овие деца нема да трпат ничиј авторитет. Оние кои нема да го сфатат ова ќе направат голема грешка.

Поради растење во средина во која нивните деца нема да се чувствуваат разбрани, подоцна низ животот ќе покажат одредени пореметувања во однесувањето –  од потполно повекување во себе, до изразена агресија. Размислете малку- ако нашите родители не успеале да се носат со нашето растење и нашиот напредок, ние уште потешко ќе може да се носиме со овие деца. Бидејќи тие уште од раѓање се „поопремени“ од нас.

Извор: Sensa

Автор: Alen Jakovina

Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!