Бојана Шурбаноска

Пред две ипол години, изгубена, исплашена и јас лутав по разни работилници, коучи, спремна да копам по себе и оп изгледа на вистинско место ја забодев лопатата и ја откапав Елена и Арс Луцида. Веќе онаа девојка  која избувнува, треска врати, прави  тешка драма на места каде воопшто и нема потреба од истата, да го има последниот збор и дае во право по цена на тоа ако треба и светот нека се превети наопачки, веќе станува само бледа сенка, а во наредниот период сум сигурна и скроз ќе исчезне.

Работата на себе, личниот развој или самосебеспознавањето е едно исто, за мене тоа е чиста метафора на “копање”, само овде по себе.  Во физичка смисла ние луѓето копаме за да најдеме нафта, некое скриено семејно богатсво, археолошки раритети и сл. што е видливо со голо око и има голема вредност. И така копајки и барајки ги материјалните вредности, доаѓаме до закопување на вистинските вредности на сопственото битие, изгубени лутаме како физички тела.

Пред две ипол години, изгубена, исплашена и јас лутав по разни работилници, коучи, спремна да копам по себе и оп изгледа на вистинско место ја забодев лопатата и ја откапав Елена и Арс Луцида.

За мене Елена беше за моја љубов на прв поглед, во нејзе видов многу нешта што сум си ги посакала за себе, а тие нешта после 3 години сфакам дека ги имам и јас, а сигурно ги имаш и ти 🙂

Од кога ја откопав Елена, бев уште помотивирана да продолжам да копам подлабоко. Јас сум девојка која е порасната во центарот на градот, најдлабоката дупка ја имам ископано ко дете коа игравме “грабни стапче”:)

И така копањво по себе го сфатив како игра од детските денови, бидејки тие беа најискрени, односно и кога губевме не се лутевме или лутината траеше кратко и за брзо време почнувавме нова партија.

За копање по себе во Арс Луцида не ти требаат рало и плуг, ти треба само голема жебла. Јас имав таа желба од тука па до Месечината и назад, и упорно копав по себе со разни орудија, како медитација, дишев холотропски се вратив регресивно во минатиот век и после тој, ги изучував благодетите на реики….и така копајки упорно и по некогаш уморно излезе нафтен гезер. Наплив од заборавени емоции, сокриени солзи, потисната тага и лутина, се така добро замаскирано, во очите на јавноста да изгледа перфектно. А под нив сокриени многу таленти, соништа и еден куп  убавини, радост и место заљубов за мене и за другите.

Веќе онаа девојка  која избувнува, треска врати, прави  тешка драма на места каде воопшто и нема потреба од истата, да го има последниот збор и дае во право по цена на тоа ако треба и светот нека се превети наопачки, веќе станува само бледа сенка, а во наредниот период сум сигурна и скроз ќе исчезне.

Сега работите ги гледам од друга перспектива, многу сум потрпелива, помирна, поспокајна, поемпатична  и нивото на свеснот за мене и околината ми е на многу повисоко ниво.

Сите ние носиме во себе некаков образец на однесување, живеејќи со него слепо,  веруваме во она што ни се сервира пред очи, се до оној момент  додека не ја тргнеме завесата од пред нив. Но, верувајте дека е многу поубава  гледката во сонцето низ прозорецот кога ќе ја тргнете завесата одошто кога стоите зад неа.

Претходен напис
Ана Салтирова Давидовски
Следен напис
Весна Поповска
Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!