Давор Маркелиќ

Чувствувам голема благодарност што го најдов мастерот и неговите учења во овој живот.

Мило ми е да споделам дека го зедов предизвикот да ја правам “Медитацијата на срцата близнаци” секој ден без промашување, и со голема радост и благодарност можам да кажам дека низ секојдневна пракса мојот живот се промени за 360 степени. Последните две години ми беа полни со емоционални, ментални и физички превирања и „Медитацијата на срцата близнаци” ми ја даде таа внатрешна моќ да се изборам во тешките мигови и да ги надминам моите внатрешни и надворешни пречки.

“Медитацијата на срцата близнаци” е најефикасно средство за справување со стресот. Се соочував со огромен стрес и емоционални превирања на моето работно место и во мојот личен живот. Ова почна да има голем ефект на нивото на енергија што го имав и почна силно да се одразува на моето здравје. Ефектот што оваа медитација го имаше врз мене е навистина неверојатен. Таа ми помогна да изградам силна заштита околу себе, што ми помогна не само да ги издржам секојдневните притисоци, туку и да се здобијам со среќни и позитивни перспективи за мојот живот. Преку практикување на оваа медитација почнав да се чувствувам добро во врска со себе и за сите луѓе околу мене. Таа ми помогна да ја подобрам мојата ефикасност и да ја развијам својата интуитиција на поголемо ниво. После одреден период на време тоа што го забележав е дека медитацијата придонесе за многу други позитивни промени во моите мисли, навики и што е најважно, значително ги подобрив моите вештини.

Навистина “Медитацијата на срцата близнаци” е толку моќна што само преку дирекно доживување и пракса може да се сфатат огромните придобивки што ги има врз нас и нашиот живот. Животот станува многу подобар, а ти стануваш подобра личност. Чувствувам голема благодарност што го најдов мастерот и неговите учења во овој живот.

Претходен напис
Весна Поповска
Следен напис
Ива Поповиќ
Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!