Ивана Стевановиќ

Доаѓањето во Арс Луцида буквално претставуваше пресвртница во мојот живот. Посебно во однос на тоа како се однесувам кон себеси и кон другите. Моите мисли и постапки се многу поспокојни, побалансирани, а со тоа и квалитетот на мојот професионален живот претрпе неверојатна позитивна трансформација.

НЕХИПНОТИЧКА РЕГРЕСИЈА:

Со нехиптнотичката регресија успеав да ги согледам причините или барем да го покренам тој процес на разбирање на едно чувство на неприпаѓање, особено непронаоѓање во ниту една професија во која сум се втурнала, без оглед на фактот дека во секоја од нив сум била успешна.

Дополнително, нехипнотичката регресија ми помогна свесно да се позанимавам со причините за мојот турбулентен љубовен живот. Ова подразбираше едно длабоко и искрено загледување во причините на извесна само саботажа.

БАЛАНСИРАЊЕ, ЕМОТИВНО И ЕНЕРГЕТСКО:

Не сме секогаш подготвени да се соочиме со себе, со своите стравови и чувствата на недоволност кои се често потполно несвесни и длабоко скриени. Затоа, услугите на Арс Луцида и она што Елена го работи е нешто што би бил основен чекор кон лична благосостојба и добробит.

Балансирањето на емотивното и енергетското тело е буквално еден вид на душевен „спа“ третман. Во краток временски период ми помогна многу одлучно да започнам со надминување на препреките кои несвесно ме ограничуваа во водењето на еден исполнет, успешен живот, определен кон напредок, самопочит и радост.

Ѝ благодарам на Елена за целата љубов, внимание и грижа која така несебично ја дели со нас…

МЕТАТРОН:

На преглед со Метатрон отидов за да утврдам дали во моето тело моментално постојат канцерни или туморни процеси или диспозиција за истите во некој иден период, бидејќи во семејството постои склоност кон такви состојби.

Ме израдува што резултатот беше негативен, а и фактот што имам барем 15 години „возење“ пред создавање на било какви сериозни услови од овој вид.

Колку е фасцинантно што живееме во време кога вакви видови на прегледи се возможни!

Прегледот со Метатрон е нешто што секој човек треба да го направи барем еднаш годишно.

Дополнително, благодарејќи му на др. Добрица Миладинов, тој преглед во Арс Луцида е едно посебно искуство со изобилство на прекрасна енергија и разбирање!

Благодарна сум на Арс Луцида и др. Добрица на трпеливото, детално објаснување на моите резултати и целата поддршка!

 

Претходен напис
Ива Поповиќ
Следен напис
Ирена Ѓурческа
Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!