Ива Поповиќ

Веднаш штом ќе ја запознаеш Елена ја чувствуваш нејзината енергија, која ти влева чувство на спокој и сигурност дека ќе го добиеш потребниот одговор и потребната помош.

Елена поседува стручност и знаење во многу области но нејзиното познавање на нештата и сензибилитет посегнуваат многу подлабоко од она што со зборови може да се истакне.

Веднаш штом ќе ја запознаеш Елена ја чувствуваш нејзината енергија, која ти влева чувство на спокој и сигурност дека ќе го добиеш потребниот одговор и потребната помош. Знаеш дека Елена ќе се вложи и ќе се даде себеси во помагање и пренесување на своето знаење и искуство. Арс Луцида почнав да ја посетувам иницијално за изучување на Реики техниката, поминав две нивоа на Реики. Исклучително сум задоволна од бенефитите на применувањето на Реики, при што треба да се истакне и начинот на пренос на знаењето и техниката од страна на Елена  кој е истовремено стручен и професионален, а на начин близок до секој учесник.

Со нејзината посветеност да ги пренесе придобивките од своето знаење  и посвестеност кон секој член на групата се создава синергија помеѓу учесниците во групата и прекрасна позитивна енергија.

Во Арс Луцида со водство на Елена посетував група за примена на методата за свесно дишење која можам да ја препорачам секому како многу моќна и корисна во  ослободување на енергетските блокади, како и индивидуалните енергетски сесии. Ја применувам и бачовата цветна терапија.

Елена поседува стручност и знаење во многу области но нејзиното познавање на нештата и сензибилитет посегнуваат многу подлабоко од она што со зборови може да се истакне.

 

Претходен напис
Давор Маркелиќ
Следен напис
Ивана Стевановиќ
Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!