Ирена Ѓурческа

Можам  за себе слободно да кажам дека не сум повеќе таа Ирена која за прв пат влезе кај Елена како исплашено глувче кое всушност се  плашеше од  животот. Сега јас сум една поинкава всушност вистинската Ирена која заедно со Елена ќе продолжи да работи и да се гради себеси си откривајќи ги тајните на животот.

Околу запознавањето со Елена и тоа што таа го работи морам пред се да кажам дека е првиот чекор кој го направив  за себе не слушајќи никого.

За прв пат срушив сопствена бариера и  решив  да ја побарам за да оствариме контакт со цел да го решам проблемот или подобро речено ситуацијата во која се наоѓав.

При првиот физички контакт со неа ми влеа голема сигурност, удобност и чувство на доверба како да се знаеме одсекогаш. Тие моменти за мене се врежани и никогаш нема да заборавам како во неколку реченици ми објасни во каква состојба се наоѓам и што ми се случило повторно ќе речам како да се знаеме одсекогаш. Можеби не сум добра во објаснување, но ќе напоменам доколку било кој ми кажеше ми објаснеше во каква ситуација се наоѓам, јас немаше да поверувам и не верував во никого. Елена едноставно го има тоа нешто во себе и со својата енергија знае како да го пренесе. И поверував во се што кажа во истиот  момент и навистина имав проблесок,освестување.

Потоа решив да одам на реики курсот ниво 1. Добивав знаење вештини кои таа несебично ги дава. Следеа реики 2,3 и Прана хилинг секако. На самите курсеви често како да ми ги читаше мислите. Тоа што сакав да го прашам таа ќе го одговореше. Дури и кога се двоумев за нешто низ нејзина реченица знаеше да ме освести за некоја недоумица или раскрсница што ја имав..

По самите курсеви е секогаш достапна за дополнителни прашања, а нејзината спремност многу пати ми ја има доажано преку своите одговори.

На еден неформален разговор во нејзините работни простории се јави на телефон еден нејзин клиент и по разговорот со него таа толку се израдува за својот клент што беше доволен доказ за мене дека оваа жена ја работи работата  со љубов и  жар не штедејќи се воопшто.

На крај можам слободно да констатирам дека сум благодарана на себе што ја одбрав неа за свој учител, а исто толку и на неа што ми овозможи огромен раст кој верувајте покрај тоа што ми го кажуваат тоа луѓето со кои сум во контакт туку го приметувам и јас самата.

Можам  за себе слободно да кажам дека не сум повеќе таа Ирена која за прв пат влезе кај Елена како исплашено глувче кое всушност се  плашеше од  животот.

Сега јас сум една поинкава всушност вистинската Ирена која заедно со Елена ќе продолжи да работи и да се гради себеси си откривајќи ги тајните на животот.

Ирена Ѓурческа – Енрегетски терапевт

 

Претходен напис
Ивана Стевановиќ
Следен напис
Љупка и Лина Пашанку
Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!