Марија Паунова

Благодарение на Елена и на практицирање, пред сѐ на две енергетски техники, реики и Pranic Healing, ја вратив силата и снагата на моето живеење во свои раце, ги отклучувам тајните така нам природни од/со раѓање, а заклучени во некој период од нашиот, од мојот, од твојот, од сечиј живот. Преку балансирање и хармонизирање на енергетски точки/центри моите стравови од болест, од смрт, сомнежите од заболување, ги заменив со љубов и со верба во животот кој ни е сојузник во секој момент од нашето битисување и ние сме безбедни сега и секогаш. Паничните напади веќе се апстракција и предминато време за мене.

Иако по непосредна вокација сум најблиска со зборовите, некако се чувствувам како во костец кога сакам, пак со зборови, да го ставам на хартија она сЕ до што, во период од четири години на интензивно себеоткривање и себеоправање (првовљубена во овој збор чуен од мојата Мастерка), допрев и ме допре од и преку Елена.
Познанаството со Елена беше момент на препознавање, иако и во физичка смисла, најмногу во секоја друга што го прави пакетчето на секое едно битие на Земјава, во Универзумов, па и моето пакетче, да не речам пакетиште. Потонав во очите, а преку нив си ја огледав душата. Најубавото нешто што ми се случило во 2015 г. е откривањето на мојата Мастерка и чекорењето по нејзиното мото што за мене живот и љубов значи – Слободата доаѓа одвнатре.

Благодарение на Елена и на практицирање, пред сЕ на две енергетски техники, реики и прана хилинг, ја вратив силата и снагата на моето живеење во свои раце, ги отклучувам тајните така нам природни од/со раѓање, а заклучени во некој период од нашиот, од мојот, од твојот, од сечиј живот. Преку балансирање и хармонизирање на енергетски точки/центри моите стравови од болест, од смрт, сомнежите од заболување, ги заменив со љубов и со верба во животот кој ни е сојузник во секој момент од нашето битисување и ние сме безбедни сега и секогаш. Наместо контрола на својата здравствена состојба и сондажа на секој орган во секој момент, уживам во медитациите и спокојството што доаѓа по нив, уживам во секој коуч-момент со Елена макар и на кауч :))) Паничните напади веќе се апстракција и предминато време за мене.

Моето придвижување од стравот, од сомнежот кон љубовта и кон вербата во животот ми го сменија животот, перцепцијата на животот, фокусот на сЕ што значи живот.
Во секој момент имаме избор да бираме и да одлучиме што ќе живееме. Јас одбрав да живеам верба наместо страв.
Затоа, моето срце и мојата душа топло препорачува да сте отворени и да сте слободни да нурнете во сите можности и во сите техники што ги нуди Арс луцида, за да ја почувствувате слободата на живеењето и да се ослободите од оковчињата што сами или други ги ставиле на нашите екстремитети, но пред сЕ на нашето срце и душа.
Создадени сме од љубов. Сите сме деца на љубовта. Само љубовта може да нЕ ослободи слободно да го дизајнираме својот пат.

Претходен напис
Љупка и Лина Пашанку
Следен напис
Павел Мишевски
Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!