Павел Мишевски

Елена несебично ме внесе во суптилниот свет на енергијата. Ми покажа како да совладам техники кои самoстојно можам да ги користам секој ден во секоја ситуација за успешно да можам да ја балансирам сопствената енергија. За ова секогаш ќе и бидам благодарен.

Често во животот се онаоѓав на расксница. Многу правци, а еден избор. И тогаш се јавува стравот. Стравот од непознатото, стресот и аксиозноста од изборот на несвесното. Пригушена сека која не ме остава трезвено да размислувам, да дишам. Окупиран со безброј мисли, постојана галама во поздина на вашиите мисли.
Се борев, Се борите.. се бориме, сите секојднево, од минута во минута од час во час. Додека трепенеме поминала година, две…три… Заспани во густата магла од несигурност, зачинета со страв. Додје период кога реков дека мора да се најде излез, да се победи, да се издигне, да се надвладее сопстевниот ум и споствените мисли. Дојде периот да се победи анксиозноста, да се голтне грутката во грло и да се тргне во свет слободен од оковите на стравот.

Пред не толку долго време сфатив дека ништо во животот не се случува случајно, и дека универзумот има свои начини сподед кои ти ги поврзува коцките по кои треба да се одвиваат настаните. Така универзумот решил да ми ги поврзе животните патишта со Елена и нејзинит центар за персонален развој Арс Луцида; и да од таму почна промената.
Таму начив дека енергијата поврзува се (иако го знаев тоа), но не бев свесен дека сето тоа се однесува на сите нивоа на егзистенција, физичко, ментално, емоционално и духовно.
Елена несебично ме внесе во суптилниот свет на енергијата.

Ми покажа како да совладам техники кои самстојно можам да ги користам секој ден во секоја ситуација за успешно да можам да ја балансирам сопствената енергија.
За ова секогаш ќе и бидам благодарен.
Верувајте нема ништо поубаво од тоа кога сте усогласени енергетски на сите нивоа.
Бистрењето на матната вода во која сте егзистирале долг период вашиот живот нема да биде лесно. Ќе имате борба прво со себе, со сопственото его, со околината која не е научена да гледа промена. Но патот до себеоткровање и креација на својот животен пат со усогласн ум и срце е секогаш подобар избор од комфот зоната и стравовите спакувани во розева хартија.
Особено сум среќен што во целиот мој процес (кој уште трае и ќе трае) ме водеше Елена, искрено и несебично со многу љубов и милост.
Промената доаѓа однатре, а промената на себе значи и промена на твојата околина.
Затоа да бидете инспирација за позитивни промени во животот на љуѓето е најубавото нешто што можее да го доживеете.

Претходен напис
Марија Паунова
Следен напис
Сандра Ситновска
Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!