Сандра Ситновска

Мојот „прозорец кон светот“ беше Елена Антоновска.
И тогаш, почнуваш да учиш, да истражуваш, да читаш, да се надоградуваш, да практицираш, да работиш со Мастерот и ти се отвораат неограничени можности, видици и патишта кои водат кон целосно исцелување на комплетната личност – на телото, емоциите, чувствата, духот, на кармата. Така, човековото тело се доведува во хармонија и баланс, потполно ослободено од било какви негативни сензации и манифестации. А ти сјаеш со светлина која заслепува и чекориш без да ја допираш земјата! 😊

Кога човекот е болен, неговата прва и природна реакција е да ја отстрани болката, а потоа и да го идентификува причинителот за истата.
Секоја чест на исклучоците, но речиси сите почнуваме да се лекуваме користејќи ги придобивките на конвенционалната медицина. Но, некој порано, некој покасно, почнува и да „разгледува“ околу себе, да истражува што сѐ има на располагање како замена за конвенционалниот пристап во лекувањето на конкретниот проблем.
Среќниците веднаш го пронаоѓаат алтернативниот лек и техники, почнуваат да ги употребуваат и сос секој нов ден нивните огледи се прошируваат и сѐ повеќе се осознаваат себеси и алтернативните методи кои ги имаат на располагање, но сега, не само за лекување на конкретен здравствен проблем, туку и за подобрување на општата здравствена и емоционална состојба, на телото и на умот.

Мојот „прозорец кон светот“ беше Елена Антоновска, основачот на Арс Луцида и Мастер Учител на голем број техники за алтернативно лекување.
Медитација, Бачови капки, терапија со Метатрон и соработката со Др. Добрица Миладинов, Реики, Барс, Pranic Healing третманите, и Нехипнотичка регресија, се само дел од техниките кои ми помогнаа да го излекувам физичкото тело, а со тоа да му помогнам на умот да ја достигне својата највисока цел – себесакање, себепочитување.
Во моментот кога секоја клетка, секој електрон и протон си го најдоа своето место во еден хармоничен систем, се јавува, за мене досега непознат стадиум на мојот ум, желбата и волјата да се помогне на друг, токму со користење на техниките кои мене ми помогнале.

И тогаш, почнуваш да учиш, да истражуваш, да читаш, да се надоградуваш, да практицираш, да работиш со Мастерот и ти се отвораат неограничени можности, видици и патишта кои водат кон целосно исцелување на комплетната личност – на телото, емоциите, чувствата, духот, на кармата. Така, човековото тело се доведува во хармонија и баланс, потполно ослободено од било какви негативни сензации и манифестации. А ти сјаеш со светлина која заслепува и чекориш без да ја допираш земјата! 😊
И како што во една прилика рече мојот Мастер: „Дозволете си да доживеете барем еден синхронистички момент кој ќе го отклучи сето она што е скриено во вас.“
(“Find yourself experiencing a synchronistic moment that unlocks something that was hidden within you.”)

Претходен напис
Павел Мишевски
Следен напис
Христинка Матоска
Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!