Христијан Сион Николовски

Што можеш да направиш за себе?

Во време кога поголемиот дел од светот е тотално полуден, пронајдов личност која вистински веруваше во мене и која ми покажа нов начин на размислување и водење грижа за себе. Како личен коуч ме водеше низ процесот на самоспознавање и прифаќање. Никогаш не ми даде „готов“ одговор кој ќе го реши мојот проблем, туку ми го покажа патот по кој сам ќе дојдам до одговорите и решенијата.

Толку е лесно да се бавиме со сите останати и да завршите сѐ друго со сите други, а никогаш да не се прашаме како да решиме нешто во сопствениот живот.

Елена, ти благодарам, и за многу, многу нови перцепции и рефлексии!

Со љубов,

Што можеш да направиш за себе?

Едно од најголемите и највредните нешта кои ги научив е дека е важно да се запрашаме што можеме да направиме за себе, без оглед каде сѐ животот може да нѐ однесе. Водењето сметка за физичкото тело е тесно поврзано со водењето сметка за сопственото ментално здравје. Во време кога поголемиот дел од светот е тотално полуден, пронајдов личност која вистински веруваше во мене и која ми покажа нов начин на размислување и водење грижа за себе. Како личен коуч ме водеше низ процесот на самоспознавање и прифаќање. Никогаш не ми даде „готов“ одговор кој ќе го реши мојот проблем, туку ми го покажа патот по кој сам ќе дојдам до одговорите и решенијата.

Се најдов во животна ситуација (како и многумина од нас) кога себеси си поставив едно многу моќно и за мене најопасно прашање од сите прашања: Што сега? Толку е лесно да се бавиме со сите останати и да завршите сѐ друго со сите други, а никогаш да не се прашаме како да решиме нешто во сопствениот живот. Луѓето често повеќе сакаат да создаваат проблеми, отколку да ги решаваат, но овде ќе ја цитирам мојот ментор и коуч Елена: „Проблеми не постојат, тоа се само непотребни изливи на драма која луѓето ја создаваат за да одржат баланс, со што само прават хаос.“ Значи, проблемите се состојба на свест.

Уште нешто од многуте нешта кои ги научив од Елена се зборовите СОСТОЈБА НА СВЕСТ. Кога еднаш ќе ја промениме нашата перцепција на стварноста и перспективата на другите луѓе ќе се промени. Кога еднаш ќе го промениме начинот на кој размислуваме, нештата ќе се менуваат, но за да дојде до таа промена, ние мора да направиме промена и да бидеме таа промена. Секогаш, секогаш треба да тежнееме кон раст, учење и промена, ако сакаме да се менуваме. Не можеме да очекуваме дека светот ќе се промени доколку ние не направиме нешто кон таа промена. Нашиот свет е поврзан со нашиот ум, такашто секој од нас ја креира својата судбина.

Ние можеме да го обвинуваме општеството за нашите неуспеси, но факт е дека ние самите го креираме животот во кој живееме. Би можел со часови да пишувам и зборувам за ова, но би завршил со благодарност, со нов почеток и со реченицата дека секоја рефлексија (мисла) е перцепција.

Елена, ти благодарам и за многу, многу нови перцепции и рефлексии!

Со љубов,

Христијан Сион Николовски

 

Следен напис
Ирина Неборачко
Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!