Ирина Неборачко

Кој може да помогне кога немате причина за несреќа, а сепак, очајот и апатијата се единствените емоции кои ве следат секој ден.

Ја контактирав Елена од Арс Луцида и се пријавив за курсот. Пет дена подоцна започнаа да се случуваат чуда во мојот живот.

По завршувањето на дводневниот курс и 4 „штимања“ имав 3 недели секојдневно третирање. Започнав да се чувствувам радосно, лесно и благодарно. Имав впечаток дека се вратив на себеси.

По 5 години живот во Азија, го пронајдов мојот Реики Мастер сега и овде, во центарот на Скопје. Мастер Елена – ти благодарам што постоиш во мојот живот!

Реики: Моето патување

Мојата приказна започна минатиот Ноември

Јас сум жена која има прекрасен сопруг, 3 волшебни деца и брижни родители. Но, кој од нив може да помогне кога немате причина за несреќа, а сепак, очајот и апатијата се единствените емоции кои ве следат секој ден.

Еден ден, слушнав дека една моја пријателка го посетила курсот Pranic Healing во Арс Луцида. Претходно немав слушнато за било што такво; Решив да ја погледнам интернет страницата, и открив дека во викендот кој следува е закажан почетен Реики курс.

Пред многу години бев на Реики сесија; сѐ на што се сеќавам беше еден час на потполно мирна, полу-сон, полу-јаве состојба на умот. Ништо посебно. Но, сега, кога ја видов информацијата за Реики курсот, нешто „кликна“ во мене и извика:

„Ова е тоа што ќе ми помогне!“

Се разбира дека можев и само да си закажам термин за сесија, но, јас сакав да направам квантен скок, со тоа што добив желба да се здобијам со знаење и вештини со кои би им помогнала на другите. Ја контактирав Елена од Арс Луцида и се пријавив за курсот. Пет дена подоцна започнаа да се случуваат чуда во мојот живот.

На денот на курсот, по запознавањето со групата и Реики теоријата, дојде моментот на првото „штимање“ (attunement). Никогаш порано не сум практикувала медитација, но описот на чувството кое при тоа го доживеав може единствено да се спореди со она што се нарекува Нирвана. Состојба на потполна среќа и мир. Имав визија дека врвот на мојата глава се отвори и зрак од светлина ме подига, сѐ погоре и погоре, над ѕвездите. На крајот на „штимањето“, сакав да одговорам на Мастерот со „Намасте!“, но бев обземена од светлината и само продолжив во тишина да седам на моето седмо небо.

По завршувањето на дводневниот курс и 4 „штимања“ имав 3 недели секојдневно третирање. Започнав да се чувствувам радосно, лесно и благодарно. Имав впечаток дека се вратив на себеси и тоа мислам на СЕБЕ – сликата на која се сеќавам за себе и на луѓето околу мене кога бев дете.

Би можела да напишам надолго и нашироко за стотиците визии и сензации што ги доживеав во текот на сесиите, но тоа во некоја друга приказна.

Од Мастер Елена побарав термин за Реики сесија пред да одам на долг зимски одмор со моите деца, кој ветуваше комплицирана логистика. Кратко зборувавме за моите грижи, а потоа сесијата започна. Варијации на сина, зелена и пурпурна боја започнаа да блескаат, да се вртат и превртуваат низ мојата фантазија, мојот ум и пред моите очи. По уживањето во танцот на „Северните светлини“ (како што самата ја нареков оваа сензација), огромен бран ја заплисна мојата душа и ја промени низ мешавина од звуци, визии и таа извика: „Ги сакам сите и сѐ! Го сакам секој еден и секое нешто!“ Ваква интензивна среќа, ваква моќна екстаза имам доживеано само 3 пати во животот – моментите на раѓање на моите деца.

Моето Реики патување продолжува. Во меѓувреме го усовршив Реики Ниво 2 и желно го очекувам воздигнувањето на следно ниво.

Животот е полн со чуда. По 5 години живот во Азија, го пронајдов мојот Реики Мастер сега и овде, во центарот на Скопје. Мастер Елена – ти благодарам што постоиш во мојот живот!

 

Претходен напис
Христијан Сион Николовски
Следен напис
Снежана Муратовска