Basic Pranic Healing® - Pranic Healing® Основен Ниво 1

Древните, свети учења се нарекуваат „бисери“. Им се даваат само на оние кои се подготвени. - Мастер Чоа Кок Суи

Во курсот Basic Pranic Healing®, ги учите основите на работата со вашето енергетско поле или аура, вклучувајќи гo учењето како да ја „скенирате” или како да ја чувствувате енергијата, како да ја „исчеткате”, или како да ја „исчистите” натрупаната енергија, и да ги „енергизирате”, или дополните областите во вашата аура кои имаат недостаток на прана. Започнувате со учење како да ги активирате енергетските центри, или „чакри” во центарот на вашите раце. Ова ве оспособува да станете чувствителни на праната и да го скенирате своето и енергетското поле на друга личност за да ги почувствувате блокадите и потоа да ја исчистите, енергизирате и ревитализирате областа со нова прана.

Pranic Healing® е предавано на доктори, сестри, терапевти за масажа, акупунктуристи, киропрактичари, шаитцу практичари и многу други во областа на полето на исцелување. Со тоа им се дозволува да третираат со самодоверба и доследност во најкраток можен период на учење. Овие професионалци откриле дека Pranic Healing® е многу ефикасно и лесно се применува.

Области кои се покриваат во Basic Pranic Healing®:

  • Енергетска анатомија: Учите да работите со системот на чакри, меридијани и аури за да го забрзате регенеративниот процес во своето тело;
  • Превентивно третирање: Учите како да ги отстраните негативните енергетски обрасци на болеста за да не се манифестираат како физички заболувања;
  • Работа на себе со Basic Pranic Healing®: Учите како да ги применувате овие техники за да ја забрзате својата сопствена регенерациоја и ревитализација;
  • Чекор по чекор техники за заболувања поврзани со вашиот:
    • Респираторен систем, како астма;
    • Систем на крвоток, како срцеви заболувања;
    • Гастроинтестинален систем, како синдром на иритабилни црева;
    • Мускулоскелетен систем, како артритис и болки во грбот;
    • Репродуктивен систем, како менструални проблеми;
    • Протоколи за општо познати состојби како што се мигрени и синузитис;


Додатно, учите како да ги примените техниките на далечина за саканите кои не се присутни во просторијата со вас.

Сите курсеви на Pranic Healing® се „искуствени”, што значи дека учите со конкретна примена на техники и вежби на час - на себе и на присутните. Во тек на часовите сите принципи ќе ви бидат темелно објаснети и ќе стекнете доверба во вашата способност да произведувате позитивни резултати откако ќе го завршите курсот.

Basic Pranic Healing® е предуслов за сите останати курсеви.

Откријте ги бројните едноставни и практични примени на Прана, или на суптилната енергија, за да го подобрите своето здравје, да ја зголемите својата виталност и да остварите позитивни промени во останатите области на вашиот живот на кои им е потребна дополнителна енергија!

Закажи Термин

Пополнете ги информациите во формата подолу и закажете го вашиот термин

  • Телефон & Viber : 075252724‬

Услуга и Време

Ваши податоци