Сѐ што постои е направено од енергија и е подложно на нејзините закони и принципи. Доколку разбереме како енергијата функционира, ќе ги разбереме механизмите според кои нештата се случуваат и со тоа подобро ќе го управуваме сопствениот живот.
Животните предизвици како што се стрес, страв, тага, осаменост, расправии и слично, влијаат на енергијата во нашата аура и ја прават замаглена, дисбалансирана и полна со дупки и сива енергија. Долгорочно, ова се одразува како болка, непријатност, физички и психолошки состојби. Бидејќи физичкото и енергетското тело се нераскинливо поврзани, она што влијае на едното, влијае и на другото.
Basics of Еnergy Work е високо развиен и моќен систем за енергетска работа.
Oвој систем ја користи животната витална енергија за да се балансираат, хармонизираат и трансформираат енергетските процеси во телото. Таа витална сила го одржува телото живо и во состојба на здравје. Секое битие има способност да се обновува на сите нивоа и овој процес се забрзува со зголемување на количеството на животна енергија која се користи да се корeгираат физичките и емоционалните дисбаланси.