CEFE Метода

Ако минувате низ пекол, само продолжете да се движите.

ЦЕФЕ (The Competency based Economies through Formation of Entrepreneurs (CEFE) е една од најуспешните методи за подучување на претприемачки развој.

Тоа е комплетен сет на инструменти за обука на претприемачи во кој се користи активен пристап и методи на динамично и искуствено учење со цел развој и унапредување на менаџерски и лични вештини и компетенции кај различни целни групи, особено во контекст на приходите, вработувањето и економскиот развој.

ЦЕФЕ обуките имаат за цел не само да пренесат информации, туку уште повеќе да креираат компетенции во кои се вклучени знаење, ставови, вештини и навики. Обуките ја зголемуваат способноста на учесниците за донесување на свесни одлуки и преземање на акции во комплексни и променливи системи.

Различните модули од кои се состои обуката се засноваат на „Циклусот на искуствено учење“ и содржат структурирани дискусии, осимулации на пазарот, студии на случаи, игри на улоги и работа на терен.

Методата е развиена во 1983 година од Германската агенција за интернационална соработка (GIZ) и применета е во бројни развојни проекти низ светот. Околу 20.000 ЦЕФЕ тренери ја спроведуваат оваа програма со различни целни групи. Алатките на ЦЕФЕ тренинзите се прилагодливи за креирање и понуда на обуки според потребите на клиентите. Според тоа, ЦЕФЕ методологијата нуди најразлични тематски обуки и тоа:

  • обуки за креирање на бизнис;
  • менаџмент и лидерство;
  • финансиски менаџмент;
  • рурален развој;
  • претприемачки вештини;
  • проект менаџмент;
  • тим билдинг;
  • корпоративна општествена одговорност;
  • зелена економија;
  • вработување на млади и многу други.

Извор: www.cefe.net/about

Закажи термин

Пополнете ги информациите во формата подолу и закажете го вашиот термин

  • Телефон & Viber : 075252724‬

Услуга и Време

Ваши податоци