Energy Work Mastery

Со Energy Work Mastery ќе совладате техники за третирање и олеснување на емоционалните и менталните дисбаланси. Негативните емоции и трауматските искуства во основа се негативни мисловни форми и емотивни енергии сместени во аурата и критичните енергетски центри. Честопати е тешко да се ослободат овие енергии со месеци или години на традиционална психотерапија со цел да се искуси било какво подобрување. Овој мастерклас во секој случај, ви ја нуди способноста брзо и безбедно да ги ослободите овие парализирачки енергетски обрасци.

Ќе ги научите напредните техники на третирање на зафатените чакри, така што фобиите, поривите и зависностите ќе можат да се олеснат за многу краток временски период. Но, можеби најважното од сѐ е што Energy Work Mastery може да се одвива без да биде потребно пациентот да открива било какви потенцијално непријатни лични информации. Не е невообичаено дека само во првата сесија, фобијата е отстранета 70-90 проценти. Всушност, за време на часот се охрабруваат студентите да се потрудат со цел комплетно да ги отстранат реалните емоционалните проблеми кои ги имаат нивните соученици.

 

Што ќе научите:

  • Екстракција и дезинтеграција на негативните енергии и обрасци со цел драматично да се забрза процесот на опоравување;
  • Техники за третирање на компулсивно однесување, фобии, зависности, како алкохолизам, пушење, зависности од лекови и храна, депресија (физички и емоционални фактори) и  многу повеќе;
  • Специјални техники за да се екстрахираат и неутрализираат ефектите на психички напади и интрузии (ова се работи во конекција со Праничната самоодбрана);
  • Третирање на тензии, иритабилност, тага и анксиозност;
  • Исправање на негативното програмирање стекнато во текот на детството кое може да ве задржува да постигнете успех;
  • Лекување на ефектите на психичките напади кои можат да предизвикаат напади на анксиозност, иритабилност, лоша среќа или дури и финансиска пропаст;
  • Отстранување на негативните влијанија (завист, љубомора, бес, итн.) од другите луѓе околу вас;

 

Предуслов: Basics of Еnergy Work Мasterclass и Advanced Energy Work Masterclass