Реики 3/А Ниво 3

Традиционално Усуи Реики

Продолжувањето на Реики праксата со ова трето, напредно ниво, би значело навлегување во светот на мистериозните учења, светски и лични. Овој Реики курс ни ги отвора вратите кон нашето несвесно, во кое се складирани сите потребни информации за себе, ресурси, потенцијали, сеќавања, емоции и мисли, сѐ што е потиснато и непризнаено, а кое нѝ управува со животот. Целта на овој курс е осознавање и скротување на сопствената Сенка и разбирање на концептот на Единство преку древните и мистериозни знаења, низ ре-интегрирање на сопствената личност и сите нејзини делови како целина.

На овој курс ќе научите и постигнете:

  • Механизмите на духовен развој;
  • Смислата на еволутивниот пат на Земјата и нејзините симболи;
  • Обрасците по кои функционира природата;
  • Поврзување на древните знаења од различни култури и науката;
  • Нумеролошка, геометриска, визуелна, астролошка, енергетска и друга симболика;
  • Патешествието на душата;
  • Враќање кон срцето;
  • Четвртиот симбол и негова употреба;
  • Промена на менталниот склоп, моќта на мислите;
  • Силата на зборовите;
  • 2 ускладувања (attunements) итн.


Реики 3/А ја золемува нашата фреквенција до стадиум на моментална манифестација, а со тоа бара од нас свесност на високо развиени битија кои активно ќе учествуваат во промените на Земјата.

Закажи термин

Пополнете ги информациите во формата и закажете го вашиот термин

  • Телефон & Viber : 078 255 707

    Услуга и Време

    Ваши податоци