Реики Ниво 1

Традиционално Усуи Реики

Реики ја исцелува комплетната личност – телото, емоциите, умот, духот и кармата, создавајќи многу корисни ефекти како што се релаксација, чувство на внатрешен мир, безбедност и благосостојба. Тоа го доведува телото во хармонија така што го ослободува од телесните и емотивните блокади. Реики ги отвора вратите за да можеме да се вратиме кон сопствената совршеност, каква и да е таа, со тоа што ги третира причините и ги отстранува последиците. Реики третманот доведува до длабока опуштеност.

Реики се покажало успешно како помош во третирањето на речиси сите болести познати на човекот и секогаш дава благотворни резултати. Исто така, Реики може да се комбинира со сите останати медицински и терапевтски техники за да се ублажат несаканите последици и полесно да се закрепне.

Курсот Реики Ниво 1 содржи:

  • Принципите на Реики (ќе ги научите петте принципи на Микао Усуи кои што се насоки кои се корисни за секојдневниот живот. Овие пет основни принципи ќе ви помогнат за подобрување на вашата добросостојба);
  • Позиции на рацете за третирање на самите себеси (ќе научите едниставни позиции за поставување на рацете за да се третирате себеси со Реики уште од првиот ден после Реики курсот);
  • Позиции на рацете за третирање на другите (ќе научите едноставни позиции на рацете за третирање на другите и со тоа ќе можете да практикувате Реики на вашите пријатели, семејство и миленичиња);
  • Како да третирате чакри со Реики (ќе научите за енергетскиот систем и како да користите Реики за да балансирате специфични енергетски центри на телото);
  • Реики третмани (за време на курсот ќе давате и примате целосен Реики третман. Исто така ќе имате можност да поставувате прањања и да побарате разјаснување за она што не ви е јасно);
  • Индивидуално “ускладување” или “штимање” (attunement) на енергијата. (Ова е потребно за да се стабилизира конекцијата со Реики. Со тоа сте оспособени да практикувате Реики на себеси, како и на останатите);
  • Концепт на поларитет (ќе научите за поларитетот страв и љубов, со цел да го пронајдете балансот во својот живот);
  • Трансформација на сексуалната енергија (ќе научите техника за редовно да ја балансирате вашата сексуална енергија, односно да ја трансформирате во духовна енергија доколку тоа го сакате);
  • Уникатна комплементарна програма која ќе ја применувате по завршувањето на курсот и трае 21 ден. (Оваа програма ќе ве поддржи и поттикне да се поврзете со Реики во првите 21 ден после вашето “ускладување” или “штимање” (attunement) на енергијата и да започнете да работите на себе.)