Вистински интимен секс

Вистински интимен секс

’’Понекогаш се чувствувам навистина осамено додека водам љубов со тебе’’

Харуки Мукарами, A Wild Sheep Chase

Сакаме интимност a избегнуваме секс. Или се плашиме од интимноста a посакуваме секс. 

Постои честа збунетост околу содејството на сексот и интимноста. Ние ги користиме овие зборови, но на исклучиво физичката интимност и недостасува значајното искуство и одржливата поврзаност. Колку повеќе се фокусираме на физичкиот аспект на сексот- како изгледаме, што носиме, кои техники или пози ги практикуваме – толку повеќе се оддалечуваме од вистинската интимност. 

Еве неколку предлози за вистински интимен секс:

1- Шшшш.Без зборување 

Често кога мислиме на интимноста, мислиме на споделувањето тајни. Навистина комуникацијата е многу значајна во партнерските релации и споделувањето на нашите тајновити мисли, идеи и страсти е навистина интимен момент –особено кога зборуваме за сексуалните. Сепак, колку и да изгледа привлечно, тоа може да биде и начин да се избегне реалноста и вистинската интимност. Имаме тенденција да се скриеме позади нашите зборови, користејќи го разговорот како начин да се избегне ранливоста. Им кажуваме на луѓето кои сме наместо да им покажеме. 

Вистинската интимност со љубовник се случува во тивките моменти на присуство и поврзаност во паузите помеѓу зборовите. 

Вежба 1: Одредете посебно време да се сретнете во спалната соба без да изговорите ниеден збор. Поминете еден час заедно, без зборување, пред било каков физички контакт да започне. Појавете се чисти – физички и емоционално. Ова е можност да дозволите приказните да одлетаат – како индивидуално така и како пар – и да направите простор за длабока, невербална, енергетска поврзаност. 

2- Без оргазам

Кога Емерсон рекол, „Животот е патување, не цел“, тој мислел на тоа дека кога ќе се фокусираме да достигнеме одредена цел, ја пропуштаме вредноста на сите попатни моменти. Истото се случува и со сексот. Постојат тврдења дека жената може да има 11 различни видови оргазам. Момчињата отсекогаш биле фасцинирани со ејакулацијата (тоа е вродена, биолошка преокупираност од која зависи опстанокот на видот!). Ние погрешно сме разбрале дека целта на сексот е оргазмот, и потоа, сме се лишиле од потенцијално моќните можности за да имаме истовремено задоволство и интимност. Колку повеќе сме фокусирани исклучиво на постигнување оргазам, толку повеќе ја губиме емоционалната поврзаност. 

Вежба 2: Договорете се однапред да се откажете од оргазмот. Исклучете ја таа можност, за двајцата. Со тоа, обезбедувате простор да бидете присутни и да го уважите секој момент за задоволството и поврзаноста кои ќе ви ги донесе, без одвлекување на вниманието. Менувајте се во тоа да се доведувате блиску до оргазмот и да се одалечувате од него. Забележете ја моќната врска која се креира додека се држите еден со друг до работ на екстазата.

3- Како вулканска лампа: Успорете 

Живееме во брз, премногу стимулирачки свет. Како култура, ние сме најчесто фокусирани на тоа да „направиме“, отколку да „бидеме“. Со оглед на тоа што преземаме толку многу одговорности, сексот има тенденција да постане само уште едно нешто на листата на обврски.

Брзањето да се „реализира“ сексот, не ја поттикнува „присутноста“ на интимноста. 

Вежба 3: Креирајте балон од време и простор во кој ќе бидете заедно. Направете се што е потребно да се изгубите во вашиот сопствен свет заедно. Направете свесна одлука да не брзате. Дозволете енергијата да тече помеѓу вас како вулканска лампа. Движејќи се мноооогу споро, уживајте во секој момент на осетување и дозволете интимноста да се зголеми. 

4- Запечатете со бакнеж- Соблечете се еден со друг

Без разлика дали е тоа вашиот прв пат заедно, или имате секс веќе 30 години, давањето на вашето тело на вашиот љубовник е подарок. Да го примите телото на вашиот партнер е привилегија. Не дозволувајте скромноста или навиката да ве спречи да ја уважувате и цените оваа великодушна размена. 

Вежба 4: Оваа вежба е најдобро да се направи со придушено светло или светло од свеќи. Соблекувајте се еден со друг менувајќи се при отстранувањето на секое парче облека, едно по едно. Како што секое парче облека паѓа, нежно бакнувајте го откриениот дел од телото на партнерот. 

5- Внатре и надвор: Вдишете живот

Ова е медитативна техника за да се сврти фокусот од мислите кон здивот. За вистински интимен секс, потребно е да го свртите вниманието од мислите кон срцето. Во тантрата, партнерите го “усогласуваат здивот“ со цел да креираат енергетска поврзаност која не е базирана на давањето и земањето физичко задоволство.

Вежба 5: Почнете со едноставна прегратка. Поминете неколку минути успорувајќи и синхронизирајќи го вашиот здив. Тивко договорете се за ритамот на дишење кој е удобен за двајцата. Паузирајте на врвот на секое вдишување и на завршувањето на секое издишување, креирајќи момент на взаемен мир и хармонија. Потрудете се да го оддржите ова заедништво во дишењето во текот на сексот. 

6- Огледало на душата – поглед во очите

Гледањето во очи е особен момент на поврзаност. Повеќето од нас најчесто имаме навика да ги држиме очите затворени во текот на сексот. Запомнете дека продолжениот контакт со очите ја открива ранливоста, и на тој начин ја поддржува интимноста на моќен начин. 

Вежба 6: Седнете на подот свртени еден кон друг и гледајте се во очи 20 минути без да го свртите погледот. Одржувајте го погледот го очи колку што можете повеќе во текот на сексот. Играјте со погледите цело време за време на сексот. 

Во гледањето во очите на вашиот љубовник во моментот на оргазам можеби се сочинува самата дефиниција за она што всушност претставува интимноста. 

Зое Корс 

Прилагодила Ивана Станковска