Воведно предавање за работилница “Емоции,тело, интуиција”  (13.03)

Воведно предавање за работилница “Емоции,тело, интуиција” (13.03)

Човек на човек му е лек“ – Што е помош и како да се пружи на ментален и емоционален план. 

Во секојдневно значење зборот  ПОМОШ (eng.help), се дефинира како “ да му се олесни нешто на другиот , така што ќе му се понуди некоја услуга,…”  ( The New Oxford Dictionary, 2001).

Во пракса на работа со луѓе, постојано се сретнуваме со различни очекувања по прашањето помош,  нивна диференцијација по прашање на остварливост и утврдување на напредување.

На ова предавање ќе разгледуваме што претставува помош на ментален и на емоционален план и како ја пружаме од позиција на клиринг  терапија.

Клирингот претставува целовит, и интегриран систем на  теорија и пракса заснован на комуникација и меѓусебен дијалог, кој се одвива меѓу две индивидуи ( специјално трениран клирер и заинтересиран клиент), на ниво на свесни индивидуи, во рамноправен , сигурен и етички однос.  

Предавањето  е отворено за сите заинтересирани , независно од претходното знаење и искуство во доменот на клиринг.

 Предавач :  Десимир Д. Ивановиќ, тренер за човечки ресурси и учител по клиринг. Има објавено три книги “Аикидо-пат до целовит развој”  (1996), “ Дали сум Јас нормален”(2007), и “Од осаменост до односи” (2011), како и бројни стручни трудови од доменот на клиринг, човечки ресурси и развој на способности.  Книгата “ Дали сум Јас нормален“ е преведена и на македонски јазик. Повеќе информации се достапни на www.dijada.com.   

Котизација за воведното предавање – 50 денари.

Ве очекуваме !

  Датум:  13.03.2020 (петок), со почеток од 18:30 до 20 часот .




Претплатете се на нашиот Newsletter

Бидете во тек со сите настани, новости и попусти!