Work-Life Balance

Work-Life Balance

Деновиве балансот помеѓу деловниот и приватниот живот навидум станува невозможно да се постигне. Технологијата, несигурноста за работното место, недостатокот на вработени, количината на работните обврски, условите на пазарот и тн. го зголемуваат нивото на стрес но, и должината на работните часови. Истовремено, динамичноста на животот воопшто, очекувањата, желбите, тенденциите, амбициите и тн имаат ист, стресен ефект на нас. Сето тоа може да влијае на меѓусебните односи, здравјето и среќата.

Во секој случај, секој од нас е различен како индивидуа, па и балансот е индивидуална категорија. Веруваме дека оваа статија ќе ви даде некаква насока да создадете баланс којшто вам лично ви одговара.

Најпрво да дефинираме што балансот помеѓу деловниот и приватниот живот не е:

  • Балансот помеѓу деловниот и приватниот живот не значи еднаков баланс. Обидувањето да се распоредат еднаков број часови за секоја од вашите различни деловни и лични активности е обично неблагодарно и нереално. Животот би требало да е пофлуиден.
  • Најдобриот индивидуален баланс помеѓу деловниот и приватниот живот ќе варира низ времето, честопати на дневна основа. Вистинскиот баланс денес, веројатно ќе биде различен утре. Вистинскиот баланс за самец ќе биде различен во однос на личност која е во брак или има деца.
  • Не постои совршен баланс, што ќе им одговара на сите, кон кој би требало да се стремиме. Најдобриот баланс е различен за секој од нас, бидејќи сите ние имаме различни приоритети и различни животи.

Сепак, во суштината на дефиницијата на ефикасниот баланс се два клучни секојдневни концепти кои се релевантни за секој од нас. Тие се дневно постигнување и уживање, идеи речиси лажливи во нивната едноставност. Овие два концепти одговараат на најважното прашање во животот: „Зошто ми е нешто важно?“ (повеќе приход, куќа, кола, работа, врска…)

Повеќето од нас имаат претстава за тоа што значи постигнување. Но, што би можеле да кажеме за уживањето? Дали е тоа само момент на моментално задоволство или среќа? Во животен контекст, уживањето би значело задоволство, среќа, прославување, љубов, добросостојба. Со малку зборови, чувство на животна радост. И, овие два концепти секогаш одат заедно. Тајната е да пронајдеме и оствариме значајни постигнувања и да ги прославуваме секој ден. Тоа се однесува на сите аспекти од нашиот живот: работа, семејство, пријатели, себеси… А потоа, да ги поттикнеме другите луѓе и да им помогнеме да го направат истото за сопствениот живот.

Ова се едноставни концепти, кои лесно можат да се применат. А во продолжение уште неколку насоки кои можат да ви бидат од корист.

  1. Заборавете на перфекционизмот
    Силните, самостојни, независни и вредни личности често развиваат перфекционистички ставови и навики, кои понатаму знаат да направат хаос од животот. Животот секако не е совршен и не направен таков. Перфекционизмот може да стане деструктивен, да ве заглави во статус кво, да ви донесе комплекси, а и да ве донесе до burn out.
  2. Исклучете се

Од целата технологија, работни пораки, обврски, допишувања, одговарања… Бидете недостапни во некој дел од времето. Со тоа што нема да реагирате на сите новини и нотификации, ќе развиете поголема резилиентност, а со тоа и зголемено чувство на контрола врз вашиот живот.

Немате обврска, ниту одговорност да сте достапни постојано на само еден дел од вашиот живот, затоа што секој сегмент од животот го бара вашето внимание. Затоа, создадете квалитетно поминато време, особено со оние кои ви се блиски, сакани.

  • Вежбајте и медитирајте

На активностите кои ви се чинат неважни или вишок, гледајте како на потребата за храна, сон или туширање, иако можеби не разбираме што тие прават за нас, а ни е од бенефит.

Вежбањето е голем стрес редуктор. Разнесува ендорфини низ нашето тело, а со тоа го подобрува нашето расположение. Истовремено, може лесно да ве внесе во медитативна состојба. Или, само медитирајте. Или, вежбајте јога. А, ако недостатокот на време баш ве притиска, можете да започнете со вежби за дишење и 10 минутна медитација. Најважното од сѐ е да започнете да се грижите за себе, повторно, секој ден.

  • Не си го трошете времето бесцелно

Поставете си приоритети. Размислете што е најважно за вас. Кај секого оваа листа ќе биде различна, па бидете сигурни дека тоа се ваши приоритети, а не нечии. Поставете си цврсти граници, со што ќе обезбедите дека посветувате доволно фокус, внимание, енергија на луѓето и активностите кои ви се најважни. Начини има, важна е посветеноста.

Сѐ останато е секундарно и најдобро да биде избришано од вашиот распоред. Колку сте подобри со себе, толку ќе бидете подобри со другите. Не можете да го дадете она што го немате, без оглед дали се работи за време, пари, љубов, или нешто друго.

Пример за крадци на времето:

  • Чистење и средување,
  • Разговарање со далечни роднини
  • Средување на компјутерот и маилот
  • Сурфање на интернет
  • Поминување денови подготвувајќи се за работа преку добивање повеќе информации
  • Променета ја структурата на вашиот живот

Зоната на комфорот најчесто ќе ја препознаеме по рутината. Навиките се менуваат. Прашајте се што треба да промените за да животот ви стане полесен? Откажете се од помислата да правите сѐ сами, делегирајте. Делегирањето е секогаш win – win ситуација. Со тоа, не само што ги пренасочувате обврските, туку и создавате група за подршка, тим кој е на ваша страна.

  • Почнете од нешто мало

Драстични, екстремни промени никогаш не се долгорочни. Не се силувајте и фрустрирајте. Почнете со онаа мерка со која можете да се носите. Потребно е да видите дека можете, дека сте успеале, а потоа да ја зголемувате дозата. Досегнете до максимумот кој вам ви одговара.

Со што би можеле да започнете:

  • Правете мали нешта веднаш
  • Смејте се
  • Пауза за ручек е пауза за ручек
  • Оптимизирајте го текот на работата
  • Фокусирајте се на позитивното
  • Користете го времето додека патувате до работа
  • Бидете активни
  • Искористете ги најдобро одморите

Сѐ што правите е за вас. Позитивно или негативно. Одберете мудро.

Ви посакуваме хармонија и успех!